Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин

1
By Нова ТВ on January 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Убиството на Оливер Ивановиќ за Србија е терористички чин, изјави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ.

-Овој акт за државата Србија е терористички и така ќе се однесуваме кон него, изјави Вучиќ на прес конференцијата по седницата на Советот за национална безбендост.

Тој рече дека нема овластување да говори за сознанијата со кои располагаат службите во врска со убиството, но како што рече, „има многу интересни детали кои укажуваат на можните сторители“.

Тој истакна дека е упатено писмо до Еулекс и УНМИК со барање државните органи на Србија да учествуваат во спроведување на истрагата на Косово за убиството.

Вучиќ соопшти дека делегацијата на Србија во Брисел денеска ги прекинала разговорите во рамки на дијалогот, бидејќи, според него, бесмислено е да се разговара со секојдневни закани и му порача на Кадри Весели, кого го нарече „господар на Косово“ дека нема да стигне до Ниш, како што се заканувал.

Вучиќ потенцира дека Белград нема доверба во косовските органи, но дека се надева дека ќе бидат во состојба да спроведат истрага, и дека ако не бидат во состојба, Србија тоа сигурно ќе го направи.

Тој истакна дека убиството се случило на територија над која Србија нема ефективна контрола посебно од 2008. Тој најави дека наскоро ќе оди на Косово за да разговара со како што рече со српскиот народ.

Тој денеска не сакаше да говори за тоа на кого би му одговарало убиството на Ивановиќ, но дека имаат почетни индиции, за кои сепак нема да зборува се додека за тоа не се изјаснат надлежните органи.

Вучиќ го повика српскиот народ на Косово да го сочува мирот и сталоженоста и вети дека убиецот ќе биде пронајден и казнет.

Ивановиќ убиен со 4 куршуми во градите

Непознат напаѓач утрово во Косовска Митровица го уби лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.

Според првичните информации, Ивановиќ бил застрелан од пиштол околу 8:15 часот додека влегувал во просториите на неговата партија

Веднаш по нападот, 65-годишниот Ивановиќ е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Косовска Митривица, каде е утврдено дека не покажува знаци на живот.

Неговиот адвокат Небојша Влајиќ во изјава за Танјуг нагласи дека Ивановиќ имал повеќе прострелни рани во горниот дел на телото.

Влајиќ нагласи дека засега нема информации како се случил трагичниот настан, потврдувајќи ги медиумските информации дека Ивановиќ бил убиен пред неговата канцеларија додека одел на работа.

По инцидентот косовската полиција го болкираше делот од градот каде што се наоѓа седиштето на СПД.

Поради убиството на Ивановиќ, српскиот преседател Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, а за во 13 часот најави обраќање до јавноста.

Српската делегација што денеска требаше да учествува на техничките преговори меѓу Белград и Приштина, реши да се врати во Србија.

Шефот на српската преговарачка делегација и директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ оцени дека убиството на Ивановиќ има за цел дестабилизација на состојбата во Косово и дека тоа претставува напад врз целиот српски народ.

– Цел е да се предизвика хаос и српскиот народ на Косово и Метохија и цела Србија да се турнат во пеколот на судири, изјави Ѓуриќ во Брисел.

Ивановиќ, кој е поранешен пратеник во Собранието на Србија, во 1999 година беше избран за претседател на Извршниот одбор на Српскиот национален совет за северно Косово, по што во 2001 година е именуван на шеф на Службата за економски развој при српскиот владин Координативен центар за Косово и Метохија.

Од 2008 до 2012 година беше државен секретар во српското Министерство за Косово и Метохија, по што ја формира партијата СДП.

Неодамна во Северна Митровица беше запален автомобилот на Ивановиќ.

Европската унија (ЕУ) строго го осуди убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП) Оливер Ивановиќ што се случи утринава во Косовска Митровица и очекува дека косовските власти брзо ќе успеат да ги најдат убијците и да ги изнесат пред обвинител.

“Ние очекуване дека косовските власти за спроведување на владеење на правот нема да штедат напор за да ги најдат убијците и да ги изнесат пред правдата без одлагање. ЕУЛЕКС ќе им даде поддршка на властите во согласност со неговиот мандат”, вели ЕУ преку соопштение.

 

Во Брисел се исто така загрижени од можните последици на ова убиство врз косовското општество и бараат од сите граѓани и политички партии да бидат смирени и да и дозволат на правдата да ја заврши својата работа.

Тачи и косовската Влада го осудија убиството

Косовскиот претседател Хашим Тачи остро го осуди убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица и ги повика жителите на северот на Косово да соработуваат со полицијата.

Тој на Фејсбук профилот побара од безбедносните сили „што побрзо да ги расветлат околностите на убиството за извршителите да бидат изведени пред правдата“, пренесува Асошиејтед прес.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не се огласи околу убиството на Ивановиќ.

-Владата на Косово ќе остане посветена на напорите во борбата против негативните појави и активности кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните, особено децата и младите во нашата земја, кажа Харадинај.

Претходно денеска косовската Влада со соопштение го осуди убиството на Ивановиќ и побара од полицијата што побрзо да ги идентификува извршителите и да ги изнесе пред правдата.

Погребот на Ивановиќ во Белград

Оливер Ивановиќ ќе биде најверојатно погребан во Белград, на барање на членови на неговото семејство, јави Танјуг повикувајќи се на извори блиски до семејството.

Телото на Ивановиќ ќе и биде предадено на семејството по обдукцијата што денеска ќе се изврши во Клиничката болница во Косовска Митровица.

Танјуг јави дека обдукцијата ќе биде извршена попладнево и таму ќе бидат претставници на Еулекс и на Институтот за судска медицина од Приштина.

Брисел Вуќиж ЕУ Косово Оливер Ивановиќ Тачи убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.