Решавањето на проблемот во Македонија е од клучно значење за регионот, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со американскиот сенатор Џон Меккејн и изрази надеж дека кризата ќе биде решена на мирен начин.
– Единствено што се надеваме е дека преку почитување на македонските закони, работите без разлика како ќе се одвиваат, ќе се одвиваат мирно. За нас тоа е од големо значење. Ако од една страна имате незадоволни Албанци тогаш може да имаме проблеми на југот на Србија. Ако имате внатрешен судир во Македонија, нешто што никој не го посакува, тоа би имало големи и тешки последици за сите нас, изјави Вучиќ.