Author: Нова ТВ

На 8 септември во Брисел земјите-членки ќе имаат дебата околу една верзија на предлог-преговарачката рамка, што ќе ја претстави германското претседателство со Европската Унија. Ова го изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска одговарајќи на новинарско прашање на цереномијата на примопредавање на функциите со новиот министер за надворешни работи Бујар Османи. -Планот на Берлин во рамки на можностите во едно вакво време е овој процес да финишира во последниот месец од оваа година. Очекувањата на германското претседателство е првата меѓувладина конфереција да се случи во декември оваа година, рече новиот вицепремиер задолжен за европски прашања. За тоа…

Read More

Министерството за внатрешни работи во соработка со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно-тактички мерки и активности што резултираа со приведување на тричлена терористичка група која делувала на територијата на земјава. Како што соопшти денеска МВР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Б.А. (28) од Куманово, а кој престојува во Скопје, за сторено кривично дело „терористичка организација“ и „тероризам“. Кривична…

Read More

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент. „Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на COVID-19 болест. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот“, изјави директорот на…

Read More

Владата на Република Северна Македонија денеска на пладне во свечената сала ќе ја одржи првата конститутивна седница.На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии. Медиумските сниматели и фоторепортери ќе имаат можност да направат инсерти на почетокот на владината седница.  Заинтересираните медиумски претставници треба да пристапат кон влезот од страна на Медија центарот најдоцна до 11:45 часот. -Поради мерките за заштита од коронавирусот…

Read More

Францускиот дневен весник „Ла Кроа“ во денешното издание се осврнува на изборот на новата влада на Република Северна Македонија, преставувајќи го портретот на премиерот Зоран Заев, кој ќе ја предводи коалициската влада, јави дописникот на Франција. – Зоран Заев не е трибу што пали толпи. Но, шефот на владата на Северна Македонија, повторно назначен од парламентот на 30 август, знае како да го управува својот брод, пишува новинарката на „Ла Кроа“ Мари Вердие, инаку добар познавач на приликите во Македонија и воопшто на Балканот. Наведува дека „на 45 години, Зоран Заев веќе остави трага во историјата, токму тој го смени името на…

Read More

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и привремените ограничувања на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, од денеска се продолжени за уште две седмици, односно до 15 септември 2020 година, согласно двете министерски одлуки објавени во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Новото продолжување на постоечките мерки го најави владиниот портпарол Стелиос Пецас во четвртокот одговарајќи на прашањето на МИА, а официјално ги соопшти заменик- министерот за цвилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција во петокот. Станува збор за двете министерски одлуки, кои во текот на…

Read More

Неколку лица синоќа се повредени во подрачјето на градот Подгорица, во судир меѓу приврзаници на ДПС и опозициските коалиции. Полицијата спречила потежок инцидент која ги разделила двете групи, јави подгоричкиот весник „Вијести“. Наводно, приврзаници на ДПС славеле во кафулето „Штрафта“ кога дошла група симпатизери на опозицијата и ги нападнала, информира „Вијести“, повикувајќи се на неофицијални извори од црногорската полиција. Илјадници луѓе синоќа се собраа на улиците во Подгорица за да го прослават успехот на опозицијата на парламентарните избори во неделата. Синоќа во повеќе црногорски градови се одржаа и собири и литии поради повод контроверзниот Закон за слобода на вероисповед. Освен…

Read More

Златна потковица“ за најдобар краток игран филм на јубилејното петнаесетто издание на струмичкиот интернационален филмски фестивал „Астерфест“, што се одржа онлајн од 28 до 31 август под мотото „Движења, патеки“, ја доби филмот Мари на Панајатис Краварис. Одлуката едногласно ја донесе стручното меѓународно фестивалско жири во кое заседаваа Маријан Цуцуи (Букурешт), Елени Чандрину (Брисел) и Горан Радовановиќ (Белград),кое во образложението на одлуката кажа дека „филмот маѓепсува со приказната за предрасудите и љубовта на прв поглед, едноставна и веродостојна, но која што содржи извесен шарм и прилично изненадувачки крај“. „Сребрена потковица“ за најдобар краток анимиран филм доби „Потеклото на човекот“ на…

Read More

Средношколскиот сојуз попладнево протестираше за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот. Протестот почна пред Министерството за образование и наука и оттаму продолжи кон Владата пред која имаше обраќање на средношколци. Тие носеа транспаренти „Стоп за неквалитетно онлајн образование“, „Владата онлајн, учениците офлајн“, „Назад во клупа“, „Сакаме подобро образование“, „Ништо за нас без нас“… Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи пред протестот за МИА истакна дека оваа недела очекуваат средба со новата министерка за образование и наука Мила Царовска. На протестот покрај средношколци од…

Read More

На првиот работен ден како министер за надворешни работи, Бујар Османи оствари официјален телефонски разговор со Помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, соопшти МНР. Честитајќи му ја новата позиција на Османи, амбасадорот Рикер ја реафирмирал силната поддршка на САД за Република Северна Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО. –Дозволете да ја пренесам нашата огромна почит за вашата континуирана поддршка, со видливи резултати во создавањето на севкупниот напредок на земјата. Како стратешки партнери, САД можат да се потпрат на земјава како на искрен и лојален…

Read More

На граничниот премин Ќафасан попладнево има зголемена фреквенција на возила, а задржувањата се околу 30 минути. На другите премини од македонска страна, како што соопшти АМСМ, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар –…

Read More

Немам намера да поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и на Зоран Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштетото на партијата. Ваквите теми, нагласи тој, одат во прилог само на оние против кои се бориме и додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Зоран Заев. Во однос на иницијативата за вонреден конгрес, Мицкоски рече дека таква иницијатива нема стигнато, ниту поднесено во архивата на партијата и оцени дека тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и за Зоран Заев. „Од она…

Read More