Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка, оваа власт ќе паѓа на рати

0
By Нова ТВ on August 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 31, 2020 17:12

Немам намера да поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и на Зоран Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштетото на партијата. Ваквите теми, нагласи тој, одат во прилог само на оние против кои се бориме и додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Зоран Заев.

Во однос на иницијативата за вонреден конгрес, Мицкоски рече дека таква иницијатива нема стигнато, ниту поднесено во архивата на партијата и оцени дека тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и за Зоран Заев.

„Од она што можам да видам, ги гледам истите оние луѓе кои што сега се гласни, за разлика од изминатите 32 месеца, кога беа тивки, кои што работеа и ровареа внатре во партијата. Ширеа поделба на членовите и молеа бога само ова ВМРО-ДПМНЕ да не успее, бидејќи беа силно заседнати во скутот на Зоран Заев и се молеа на неговата милост. Истите тие себе се нарекоа иницијатори и истите ги поканив да се качат во кабинетот да видиме на кој начин се поднесува иницијатива за свикување вонреден конгрес и кои би биле причините за тоа“, изјави Мицкоски.

Изминатите месец и половина, посочи тој, оставил простор да види предлог и алтернатива на луѓе кои, за себе, како што рече, си мислат дека се алтернатива и за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, но такво нешто нема. Во однос на новата влада на Зоран Заев, порача дека е со стари, истрошени и компромитирани кадри, која нема иднина и ќе падне пред својот мандат на граѓански протести.

„Зло како оваа влада не се руши одеднаш, туку со многу битки и труд и паѓање на оваа власта на рати. Ова денес е почеток на крајот на СДСМ. Ако ме прашувате каква иднина нè чека, oваа влада нема иднина и ќе падне пред завршување на својот мандат на граѓански протести. Ќе мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини“, изјави Мицкоски.

За тоа како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече, со жестока критика и на страна на народот, како и со организирани масовни граѓански протетси.

ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев Македонија прес конференција СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.