Author: Marija Todorovska
Може ли да се очекува со оглед на ниските царини за Тирана, Приштина и Подгорица добар дел од фирмите да се пререгистрираат на тие терени и што тоа би добило од тоа и што би изгубило македонското стопанство?
Кога одите во продавница и ги гледате секојдневните поскапувања, кога ги плаќате превисоките сметки, сетете се дека пари има за режимот, а нема за народот, во еден дел токму заради лицемерната надворешна политика на кликата на режимот кон САД односно заради спротивставувањето на режимот кон американските политики.
Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината.
Башким Селмани: Политички партии кои на место да ја водат земјата во Европската Унија, фактички го носеле државата во најголемииот јавен долг, како и ја злопотребиле привититизација треба да разговарат за јавниот долг на државата, бидејќи само овие две политички партии го знаат тоа како настанал тој јавен долг и како е реализирана приватизацијата. Македонија е земја која моментално е отворен гроб на корупцијата и организираниот криминал, и затоа овие две политички партии морално несе во состојба да го разчистат со криминалот и криминалитетот без помош на другите земји од Европската Унија. Од друга страна сите такси кои ги плаќаат…
Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Во државава се пристигнати и странски тимови за рехабилитација на пациентите.
Ацо Лукароски: Јас живеам во друга временска зона и кај мене дури сега стигнаа изјавите од Мицкоски дадени неодамна. Ова се тие изјави од Мицкоски: Македонија сега е во оптиката на администрацијата на Трамп и на политички и на економски план. Тоа е линијата. Тука нема играње. Тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и јас се наредив прв. Македонија мора да се пронајде во него. Ние први го запоседнуваме теренот. После кој и да дојде веќе е втор, трет, се реди позади тебе. Тоа е мојот начин на работа. Извор: Фејсбук ѕид на авторот
Повеќе од 3.000 лица загинаа во Мјанмар по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени што ја погоди земјата пред шест дена.
Претставници на семејствата на жртвите од трагедијата во Модуларната болница во Тетово пред тетовскиот Основен суд одржаа прес-конференција, на која истакнаа дека се приклучуваат кон јавното писмо од Иницијатива Нула до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Деловниот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен на извршителска продажба закажана за 24 април годинава поради неисполнети финансиски обврски. Почетната вредност на објектот е 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра.
Арбен Таравари, министер за здравство и дел од Коалицијата Вреди синоќа во изјава за медиумите негираше дека ќе ја напушти владината коалиција.
Студенти и членови од академската заедница на Србија тргнаа со велосипеди од Нови Сад во акција – „Тур до Стразбур“ со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, која се соочува со криза по бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември лани.
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска ќе имаат средба во Владата, но претходно тие „ќе се соочат“ и во пленарната сала во Собранието каде премиерот и министрите ќе одговараат на опозициски прашања. Се очекува Филипче на средбата во Владата да му го образложи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог. Ова е прва средба меѓу нив по стапувањето на премиерската функција на Мицкоски и преземањето на претседателската позиција во СДСМ од страна на Филипче.















