Author: Marija Todorovska
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани, рече Филипче, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаме сите политички партии. Во однос на лидерската средба рече дека уште денеска или утре ќе побара состанок со премиерот Христијан Мицкоски, согласно агендите, да се организира таа средба.
Сојузот на синдикати на Македонија ја почна јавната седница на највисоките тела пред Собранието каде упати порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра. Пред Собранието беше донесена одлука пратениците да земаат минимална плата се до наредното зголемување на минималната плата.
Скоро половина од судовите од државата лани биле неажурни, односно од 34 судови ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Ова беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на кој се разгледуваше извештајот за работата на судовите за 2024 година.
Борче Трајковски: Младо момче Филков, министре за правда, не се одговара на тој начин на нападите и дискредитациите од Милошоски пратеникот на ДПМНЕ, со демек, “кусурот на Груевски“ или “џуџето од Небрегово“. НЕ бе дечко! Немаш ти ни кредибилитет, ни моќ, ни сила, ниту имаш аргументи на овој начин да напаѓаш коалиционен патрнер кој ти ја овозможил таа позиција – Министер за Правда. А не е Милошоски единствениот заради кои ти си таму, ги има во кусурот на Груевски повеќемина, на чело со Мицковски. Тие не ти кажале јавно што мислат за тебе и твоите способности, ама го мислат истото…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски вчера во „Топ Тема“ на Телма рече дека министерот за правда Игор Филков има слаб придонес во областа со која раководи.
Зошто на своите гласачи Албанци, министерот не се обрати на албански јазик? Па, белким за кризата во ВЛЕН, “од која ништо не зависи”, според нивното (авто)пасивно поведение, далеку повеќе се заинтересирани нивните гласачи Албанци, отколку гласачите и негласачите Македонци?
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена гласа против. Претседтелката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, Ардиан Демири и Марјана Илиевска.
Приштина: Косовски полицаец им подлегнал на повредите откако бил застрелан пред неговиот дом во градот Качаник во Југоисточно Косово, објави весникот „Коха диторе“, повикувајќи се на информации од косовската полиција.
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Претходно, по барање на адвокатот Игор Ефремов, бранител на Кешишев, судот донесе решение обвинетиот Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата. Барањето беше образложено со сомневање дека присуството на Палевски би можело да влијае врз вистинитоста на исказот на Кешишев. Како доказ беше наведен случајот со изјавата која во ноември лани Кешишев ја достави до судот, во која наведува дека Палевски нема врска со случајот, а потоа ја негираше со образложение дека бил приморан од Палевски да ја напише.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека по излевањето на Маркова река во општина Студеничани евидентирана е материјална штета, но нема опасност по жителите од овој крај.
Небинарните лица во Белгија во иднина ќе можат да побараат од нивните лични карти да биде отстранета ознаката за полот, информира белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтан.
Илјадници граѓани на Унгарија синоќа излегоа на улиците на Будимпешта, протестирајќи против новиот закон кој има за цел да ја забрани годишната ЛГБТ парада.














