Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипчe предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 2, 2025 13:04

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани, рече Филипче, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаме сите политички партии. Во однос на лидерската средба рече дека уште денеска или утре ќе побара состанок со премиерот Христијан Мицкоски, согласно агендите, да се организира таа средба.

Областите каде што треба системски пристап, според Филипче се – образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација.

По големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите три децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслужуваат. За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии, рече Филипче.

Нагласи дека треба да се изготви стратегија во која ќе се влучат сите, во форма на политички дијалог, врз основа на која државата ќе функционира во следните децении, многу повеќе од мандат на која било влада и која било партија или коалиција да ја води таа влада.

Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме образовниот систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати. Понатаму здравството. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата, рече Филипче.

Во однос на правосудството, истакна Филипче, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.

Тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа е партизацијата и политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво, истакна Филипче, додавајќи дека добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии.

Лидерот на СДСМ истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски и подетално би му го образложил овој план на средба во следните денови.

Се надевам дека после тоа, врз основа на ова што сега го образложив ќе се приклучат и другите политички партии и сметам дека е крајно време, премногу време е поминато за ние да зборуваме дека нешто треба да се промени и видовме како трагедијата во Кочани на површина извади многу системски пропути и мислам дека е крајно време сите да седнеме и заедно да работиме за доброто на државата, рече Филипче.

Во однос дали очекува неговиот предлог за лидерска средба да биде прифатен, тој рече дека уште денеска или утре ќе побара состанок со премиерот Мицкоски, согласно агендите, да се организира таа средба.

Оставам простор и се надевам дека сега кога политичките партии ќе го слушнат ова ќе ја прифатат таа лидерска средба. Но добро е прво тоа да го поразговараме со премиерот, имајќи предвид дека тој прв подаде рака и на прва одговори дека средбата е прифатлива. Навистина не знам што би било неприфатливо или некој зошто не би сакал да разговара, кога тоа е констатација на секој еден граѓанин во државата, рече Филипче.

Голем предизвик во нашиот систем, додаде Филипче, е како од разговор што да се направи, вистински да се имплементира.

Од сите кризи што ги видовме изминатиот период треба да извлечеме поука и таа поука да ја имплементираме, меѓутоа и да се осигураме и дека ќе биде целосно имплементирана и тоа не е лесно. Имам неколку идеи, дали тоа ќе биде преку парламентарна комисија, дали преку заедничка работна група во која ќе учествуваат и експерти ќе го разгледаме на состанокот. Не би сакал да звучи како план што би го сервирал готов, поради тоа што би сакал сите да учествуваме во изготвувањето на планот како ова да се спроведе, рече Филипче.

На новинарско прашање дали на средбата ќе ја постави темата за евроинтеграции и уставни измени, рече дека најверојатно ќе се зборува и за таа тема.

прес конференција СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.