Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За моќта на будалаштините

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 13, 2024 14:01
Поттикнат од се поголемиот број дезинформации кои се споделуваат на социјалните мрежи, Илијанчо Гаговски на својот Фејсбук профил, во пост со наслов „ За моќта на будалаштините“ пишува за една таква појава откакоа деновиве вниманието му го привлекол пост на социјалната мрежа на некој фб-пријател, чија содржина Гаговски ја оквалификува како дезинформација и истата ја дебанкира.

 

Имено, како што пишува Гаговски, постот е слика од некаков антички мозаик (слика 1) за кој се тврди дека бил пронајден во Помпеја, но “проблемот” е што на мозаикот јасно се гледаат класја пченка. Па како тоа, загатнува “авторот”, во Помпеја (уништена од ерупцијата на вулканот Везув во 79 г. од нашата ера), мајсторите кои го правеле мозаикот знаеле за пченката, која, според “официјалната историја” (која, нели, веднаш се доведува под знак прашалник) во Европа стигнала дури во 15-от век кога Колумбо ја донел од Америка. “Авторот”, посредно, онака успут, всушност ни сугерира дека “уште ве лажа комунистите, ве лажа значи!!!”.

Се разбира, веднаш ми беше јасно дека се работи за фејковача, но ме заинтригира колку брзо може да се дебанкира оваа будалаштина. Одговорот е – за помалку од 5 минути.

Ја симнав сликата, ја отворив со Google Lens и voilla – првиот (и единствен) hit (слика 2) е долуспоменатата слика на мозаикот од (наводно) Помпеја. Руски сајт, dzen.ru. Насловот – “Дали Помпејците (всушност) загинале (дури) во 17 век?!?” Ха! – си велам, зошто ли зошто не сум изненаден, руско масло, нормално! Арно ама, згрешив. Да, насловот на рускиот сајт Е чист кликбејт, но во написот, многу коректно е објаснето потеклото на мозаикот. Одопрем, шо би се рекло…

Имено, мозаикот најден во Помпеја денес е во Ватикан, и на него, НОРМАЛНО (!!), пченка НЕМА. Сликата со пченка е од некаква си таму репродукција на истиот тој мозаик од 1858 г., која се наоѓа во музејот Ермитаж, во Санкт Петерсбург, на која уметникот, ваљда ради “уметнички доживљај”, си додал – погодувате – класје пченка (слика 3).

Мистеријата е значи решена!!! За 5 минути.

Како и во секоја “добра” “теорија” на заговор, и во оваа има ронка вистина (античкиот изглед на мозаикот, фактот дека самата слика со пченките навистина постои итн.), но таа е нерелевантна во однос на фејкираниот заклучок. Зошто ли, зошто, не сум изненаден (сега со право)…

Сепак, иако “мистеријата” е решена, се наметнуваат неколку други прашања. Имено:

  1. Дали тој што ја креирал оваа будалаштина е до толку глуп па не е способен да разбере еден прилично читко и убаво напишан напис или тоа, сепак го сторил со некаква намера? Ако одговорот е под б) (што јас, сугерирам дека е), која е таа намера?
  2. Зошто просечниот ФБ корисник споделува вакви будалаштини, кога истите може да се проверат за 5       минути?
  1. Зошто јас се распишав еден ваков ферман, за нешто што (повеќе пати, да, знам) го нарекувам будалаштина?

Одговорите се, според мене:

  1. Креаторите на ваквите фејковачи ( т.е. будалаштини, да не си ја напуштам номенклатурата ) воопшто не се глупави. Тие ги создаваат ваквите, знаете веќе што, со цел да му докажат на “обичниот човек” дека некој (читај “сатанистите”) го лаже цело време. “Логиката” е, дека ако “науката” и “официјалната историја” нѐ лажат за вакви (на дневно ниво неважни) работи, којзнае пак колку нѐ лажат за важните нешта. Заклучокот кој се сервира, посредно, е да не се верува на “таканаречената наука”, туку на “независните умови” (читај “анонимни ФБ профили”), кои се способни да ги разоткријат “заговорите” на “моќниците” и многу брзо и ефикасно за нив да нѐ известат – на нашиот ФБ, Twitter, YouTube или Instagram feed. Со вака разнишана доверба во “мејнстрим медиумите” (кои се нели “слуги” на “лошите”), изворот на “вистински информации” стануваат анонимните профили, кои за возврат го добиваат токму она за кое тврдат дека против него се борат – МОЌ!
  1. Просечниот ФБ корисник изложен на оваа, слободно ќе речам, специјална војна, одеднаш се чувствува дека конечно “прогледува”!!! “Пази, стварно! – како бе знаеле у Помпеја за пченка, а!?! Леле како нѐ лажат значи!!! Ама ја не сум глуп да им верувам, неeee батка, сте нашле погрешен човек!!!” И ете, од туку-така, another one bites the dust, т.е. уште една жртва паѓа во “интелектуалната црна дупка” – пред сѐ како жртва на сопствената суета -“… нема да ме лажат они мене, разбираш!” Причините за ова се повеќеслојни, но клучно е образованието и недостатокот на критичко размислување.
  1. Конечно, што па ја сум се распишал волку, зар немам друга работа?!? У моментов ми се виде важно да обрнам внимание на оваа појава, за која сум пишувал и другпат, но со конкретен пример. Надежта е (мојата, де), дека можеби ќе помогнам барем еден човек, следниот пат пред да стисне на копчето Share, да се праша – чекај малце бе, ова не ми изгледа баш логично…и да стисне Cancel…
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа

Преземено од Фејсбук. Текстот е личен став на Авторот.

дезинформации пропаганда Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.