Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На граничните премини денеска само со нови документи, Албанија пушта и со стари лични карти

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ВЕСТИ
Foto: Plusinfo
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 13, 2024 14:05

 Протокот на возила на сите гранични премини на Република Северна Македонија со соседните држави се одвива нормално, без застој. Од полноќ возилата се пропуштаат според одредбата од Договорот од Преспа, со која престанаа да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат името на државата Република Македонија.

Грчките погранични служби на граничниот премин Богородица-Евзони не им дозволиле влез на патници од нашата држава, кои имале сообраќајни дозволи со старото име на државата. Тие биле вратени, а покрај сообраќајните дозволи детално ги прегледувале и останатите патни исправи. На овој граничен премин до 12 часот поминале околу 300 патници и нема поголеми задржувања за поминување на границата.

Согласно билатералниот протокол со Албанија, сообраќајот се одвива нормално со важечки патни исправи и со возачки дозволи и регистерски таблички без ознаката НМК. Според информации на МИА, граничниот премин Ќафасан, со соседна Албанија, од македонска страна го напуштиле граѓани со стара лична карта без додавката Северна и не се вратени, односно се пропуштени и од албанските гранични служби.

На тој граничен премин од полноќ до 10 часот утрово, вкупно 837 патници направиле влез и излез од државата.

– На Ќафасан од 00 часот од полноќ до 10 часот денеска, споредбено со вчера сообраќајот на патници и возила бележи благо зголемување, се одвива нормално, непречено и без застој од албанска страна. На влез регистрирани се 62 наши државјани и 441 странски државјан, или вкупно 503 патници. На излез регистрирани се 147 наши и 187 странски државјани или вкупно 334 патници. Полициските службеници од граничен премин Ќафасан ги превземаат сите мерки и активности за полесен проток на патници и возила, изјави за МИА портпаролката Мерлина Зиба.

И на граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар нема промени во одвивањето на протокот на патници и возила.

На преминот „Блато“ нормално се одвива сообраќајот и албанските гранични власти ги примаат сите валидни документи, како и досега, согласно со билатералниот протокол. На граничниот премин, Џепиште-Требиште, кој е од локален карактер и имаат право да го користат само жителите од граничниот регион, до 12 часот немаше регистрано жител за влез на албанска територија.

Фреквенцијата на возила и граѓани за влез и излез во државата и на граничен премин Делчево – Станке Лисичково кон Република Бугарија утрово е во рамки на нормалата. Сите кои заминале надвор од Северна Македонија имале важечки патни исправи и документи и не е забележан случај на патници кои сакаат да патуваат во соседна Бугааарија, без потребната документација.

Дописникот на МИА разговараше со дежурните на граничниот премин Делчево, кои велат дека тие што утрово ја напуштиле државата знаат точно што треба да поседуваат како важечки документ заради што без проблем се одвивала граничната проверка.

Нема пречки и проблеми во меѓународниот сообраќај ниту на граничниот премин Меџитлија.

– Од ноќеска на полноќ, или од првата минута од 13 февруари до 10 часот претпладнево, на граничниот премин евидентиравме 21 патник, од нив тројца патници влегоа во нашата држава, а 18 патници отпатуваа во Грција. Во овој период осум возила од Северна Македонија отпатуваа за Грција, а едно возило влезе во нашата држава. Во сите случаи не се евидентирани проблеми со патната и сообраќајната документација, изјави за МИА, Илче Петковски, командир на граничен премин Меџитлија.

На граничниот премин „Табановце“, според МВР, протокот на патници и возила се одвива со видно намален интензитет.

– Од 00:00 часот до 07 часот утрово излез извршиле 524 патници, додека влез оствариле 640 патници. Доколку на влез дојде државјанин на РСМ со патна исправа без натпис „Северна Македонија“ од наша страна лицето ќе се евидентира во систем и ќе му се дозволи влез во РСМ, соопшти МВР.

Албанија граничен премин МВР пасоши стари лични карти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.