Author: Marija Todorovska
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го прогласи Валериј Залужни за херој на Украина, еден ден откако популарниот генерал беше сменет од функцијата врховен командант на армијата, пренесува Укринформ.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска во изјава за медиумите истакна дека нема да гласа, како што рече, министрите на Зијадин Села.
ЦИВИЛ спроведува долгорочен мониторинг на изборните процеси во земјата од 2008 година. Како и во претходните години по Пржинскиот договор, дел од мониторингот на ЦИВИЛ е следење на работата на техничката влада, чиј состав беше изгласан во парламентот на 28 јануари.
Министерството за економија согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во 2024 година ќе доделува потврди-ваучери за одмор на овие категории на граѓани. Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12 февруари, а сите работници кои имаат ниски приходи ќе може да аплицираат за ваучер-потврда во вредност од 18.000 денари, објави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата. Како што кажа министерот, главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во…
Со пригоден собир и оддавање почит на загинатите градители на хидро-енергетскиот систем „Маврово“ во снежни лавини, на споменикот до браната во Маврови анови се одбележаа 68 годишнината од трагичниот настан.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет со што финансиска поддршка добија 1 955 земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203,3 милиони денари.
Ендру Бренд: Сите ние треба да играме улога во спречувањето и справувањето со говорот на омраза, сексизмот и насилството насочено кон жените во политиката. Обезбедувањето рамноправно учество на жените во Владата и советите и на национално и на локално ниво е од клучно значење за подобрување на репрезентативната природа, отчетноста и квалитетот на демократиите. Линк
Денес се одржа конференција посветена на борбата против насилството врз жените во политиката „Решенија за поголемо политичко учество на женитe“, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во соработка со Институт за комуникациски студии (ИКС), а со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Политички партии, граѓански и меѓународни организации дискутираа како да се намали родово-базираното насилство и да се обезбеди учество на жените во политиката.
Изминативе неколку години правата на студентите се значително унапредени, но воведени се и нови.
Ненад Јовановиќ: Европа е наша шанса да го запреме пропаѓањето и за себе да го извлечеме најдоброто; со евроскептицизам имаме шанса да пропаднеме брзо, јако и неописиво глупаво. Линк
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Законот за употреба на македонскиот јазик налага државните институции, медиумите и сите оние кои на каков било начин комуницираат со македонскиот јазик, да мора да имаат обезбедено лекторирање на тие текстови, посочи во интервју за Слободен печат главниот и одговорен уредник на порталот Рацин.мк Зоран Бојаровски.















