Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десет компјутери и печатачи ТИКА му донираше на Уставниот суд

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 8, 2024 13:11

Десет компјутери и исто толку печатачи му донираше Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)  на Уставниот суд. Како што рече претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, заблагодарувајќи се за донацијата, компјутерите ќе помогнат за поажурно работење на судиите и советниците.

Според Кацарска, ова не е прва донација од ТИКА за Уставниот суд.

ТИКА долги години му помага на Уставниот суд, а денеска донираше 10 компјутери и 10 печатачи. Тоа е голема помош за нас. Компјутерите ќе помогнат за поажурно работење, како на судиите, така и на советниците на судот, рече Кацарска.

Според неа, ТИКА претходно донирала и финансиска поддршка за реновирање на салата за состаноци, средби и прес-конференции во Судот.

Координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, истакнаа дека денешната донација во компјутери и печатачи е продолжение на долгорочната соработка со Уставниот суд.

„Од 2005 година реализираме проекти, програми и активности во соработка со државни институции во Северна Македонија, почнувајќи од здравство, образование, култура, правосудство, инфраструктура, земјоделство и други значајни области. Многу големо значање за нас е соработката со државните институции на Северна Македонија. Досега, во правосудтсвото, имаме реализирано многу значајни проекти – во основни судови, Апелацискиот суд – Скопје, Врховниот суд, Судскиот совет, многу значајни соработки сме имале до денес“, рече Бајрак.

Тој напомена дека соработката со Уставниот суд почнала во 2013 година со поддршка во техничка опрема, а продолжила во 2020 година со обезбедување поддршка во опрема и реновирање на салата за состаноци.

„Многу е важно ако придонесуваме за подобрување на условите во Судот и неговите вработени“, потенцира Бајрак.

По промовирањето на донацијата, тој и Кацарска посетија неколку канцеларии во кои, како што рекоа, ќе бидат инсталирани компјутерите и печатачите.

Добрила Кацарска донација компјутери ТИКА Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.