Author: Marija Todorovska
Шведските власти денеска ја објавија својата одлука да ја затворат истрагата за експлозиите во септември 2022 година на гасоводите Северен тек 1 и 2, преку кои се транспортира руски гас во Германија, бидејќи немаат надлежност.
Речиси 86 отсто од испитаниците на анкетата на ИРИ сметаат дека корупцијата во Албанија е сериозен проблем. Додека 69 отсто од нив тврдат дека веруваат дека СПАК може да ја заврши својата работа без политички влијанија, пренесуваат албанските медиуми.
Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата со која се воспоставува рамка на мерки за зајакнување на европското индустриско производство на стоки со нето нула емисии на штетни гасови.
Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.
На мерно место во Струмица е надминат прагот на алармирање за концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10), соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Шеесет и осум годишен жител на село Орденот, Општина Ранковце, вчера починал во пожар на сува трева што самиот го запалил заради расчистување на нива, потврдија денеска за МИА од МВР.
Џабир Дерала: Мој личен став е дека македонското општество има сили да продолжи на европскиот пат, бидејќи тоа е единствениот начин не само кон опстанок туки и кон подобар живот https://frontline.mk/2024/02/07/derala-dali-e-zatalkame-po-nepoznati-patishta-ili-e-go-fatime-evropskiot-prikluchok-po-izborite-zavisi-od-kogo-e-kupime-kola/?fbclid=IwAR2GnpcPBcGQ8vilXyE1EHGc21_DLFO2sECfSdrgCOSJsMjWYoL7IYbSyrU
Хамас како одговор на минатонеделниот предлог на Катар и Египет ја достави својата понуда за прекин на огнот во траење од 4,5 месеци, со што ќе се стави крај на војната.
Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има и поддршката од сите етникуми, одговорил претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју за euronews.albania на прашањето за можноста Албанец да ја преземе функцијата претседател на Северна Македонија.
Дали ќе заталкаме по непознати патишта, или ќе го фатиме европскиот приклучок и практично, зависи од кого ќе купиме кола, вели Џабир Дерала во разговор во студиото на „Слободен Печат“, одговараќи на прашањето какви се политичките констелации на партиите пред претстојните избори во Македонија.
На наплатна станица Градско вчера во 05.00 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција, соопштија денеска од МВР.
Во заедничка полициска акција насловена „ѕидар“ на италијанските, германските, албанските, шпанските и британските власти, уапсени се 59 членови на албанската мрежа за шверц на дрога, меѓу нив има жени, а на уште десет осомничени им се изречени други мерки на претпазливост во Италија.














