Author: Marija Todorovska
Израелски доселеници под заштита на полициските сили денеска упаднаа во дворот на џамијата Ал Акса.
Авиокомпанијата Луфтханза предвидува дека утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите на германските аеродроми, поради повиците за штрајк на копнениот персонал кој бара повисоки плати.
Законот за стратешки инвестиции беше изгласан пред пет години, а на последниот повик што се затвори на 31 јануари 2023 година имаше над 16 различни апликации од кои осум имаат потенцијал да добијат статус на стратешки инвеститор. Седум од стратешките инвеститори се од областа на енергетиката, а еден од областа на туризмот кој е заинтересиран за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Сите четири потенцијални стратешки инвеститори веќе имаат доставено банкарска гаранција, а според бизнис плановите кои ги имаат доставено, вкупно ќе инвестираат 786 милиони евра.
Собранието денеска со 62 гласа „за“ го донесе Законот за Националната развојна стратегија, по скратена постапка.
На овогодинешниот меѓународен ден за побезбеден интернет што се одбележува како глобална иницијатива за промовирање побезбеден и подобар интернет за сите корисници, особено за децата и младите, УНИЦЕФ ги повикува сите чинители да ги зголемат напорите за заштита на децата од растечките ризици на интернет.
Бисера Костадиновска-Стојчевска: Апелирам, да мислиме на државата и на нашата стабилност, да постапуваме мудро и одговорно во интерес на граѓаните и да одолееме на стапиците за меѓуетнички вжештувања. https://novatv.mk/kostadinovska-stojchevska-izborot-na-premier-albanets-koj-ja-vodi-tehnichkata-vladata-vo-period-od-100-dena-pred-izbori-e-politichko-reshenie/
„Изборот на премиер Албанец кој ја води техничката владата во период од 100 дена пред избори е политичко решение односно договор со кој се формираше владата во 2020 година. Сметам дека Талат Џафери беше одговорен претседател на Собранието, а ќе ве потсетам дека истиот Џафери беше и министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2013 – 2014 година, вели Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на 100. седница донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише 9-катница.
нистерството за економија соопшти дека поради голем интерес денеска во 15:30 часот се затвора јавниот оглас за ваучери за купување на високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата. До 15 февруари останува отворен јавниот оглас за ваучери за инвертер клима уреди за ранливите категории на граѓани.
Водачот на кенискиот култ Пол Мекензи и 29 негови соработници денеска се обвинети за убиство на 191 дете чии тела беа пронајдени меѓу повеќе од 400 тела закопани во шумата.
Да се биде одговорен сопственик на миленик, вклучува грижа за физичките и емоционалните потреби на вашето куче, обезбедување на нивната безбедност и благосостојба и да се биде добар сосед и член на заедницата. Еве неколку совети како да бидете одговорен сопственик:
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.














