Author: Marija Todorovska
Кои се највлијателни дезинформации во земјава и како треба граѓаните, медиумите и институциите да се справат со нив? За овие теми, „Полиграф“ разговараше со Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис, која неодамна го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2023 година“.
Владата на вчерашната седница го именуваше Владимир Ангелов за нов директор на Агенцијата за филм. За неговата програма како прв човек на Агенцијата за филм Ангелов вели дека генерално, таа се фокусира одржување на квалитетот и квантитетот на македонското филмско производство. „Треба да се седне и да се види какви проекти има пријавено по конкурсот/ите, ама мислам дека треба да се вметнат и други параметри во оценувањето на апликациите. Секако, и поттикнување на образование, публикации, кревање на имиџот на Агенцијата и нашиот филм на меѓународно ниво, отвореност и реално согледување на кинематографијата кај нас“, изјави Ангелов за Рацин.мк. Ангелов, досегашен…
Во интервју за Слободен печат, претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала мешу другото зборуваше и за почетоците на неговата организација, како и приоритетите на нејзиното дејствување во изминатите 25 години.
Според анкетата објавена синоќа на МТВ, во Изборната единица 6, Европскиот фронт има убедливо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата е изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека Европскиот фронт би освоил 11 пратенички места во оваа изборна единица, пред ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле само 3.
Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) денеска на протест пред законодавниот дом повторно го изразија својот револт од усвојувањето на законот, за кој пратениците на пленарна седница треба да се изјаснат во врска со измените на Законот за игрите на среќа.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер денеска изјави дека Европската Унија правела грешки во процесот на проширување на Западен Балкан и не исполнила некои свои ветувања.
Украинската воена разузнавачка агенција минатиот викенд објави снимка на која се гледа како украински беспилотни пловила уништуваат руски воен брод во Црното Море кај полуостровот Крим. По неколку директни удари, бродот бил оштетен до степен што не можел да плови, соопшти агенцијата и го именувала воениот брод како „Ивановец“. Руската влада не даде непосредна изјава за настанот, но на сметите на Телеграм со врски во руската војска се вели дека Украина нападнала ноќе, со девет поморски беспилотни летала. Ова е последен од низата успешни украински напади со проектили и водни дронови врз бродови на руската флота во Црното море што…
Во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 15.10 часот ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34) и Б.А.(42), сите од Велес, соопштија денеска од МВР.
Најмалку три лица загинаа денеска во Украина, вклучително и две во Киев, во нов, голем руски напад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Ненад Јовановиќ: Најголемиот трик на злото е да ве убеди дека тоа не постои, тоа го знаат дури и холивудските сценаристи.ЛИНК
Националниот едношалтерски систем, за чија имплементација се обезбедени околу четири милиони долари од Светска банка преку Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан, треба да овозможи олеснување на трговијата, забрзување на транспортот и забрзана интеграција во ЕУ.














