Author: Marija Todorovska
„Забелешките на првичниот текст на Законот за рестриктивни мерки беа од Минстерството за правда како институција. Ние заедно настапуваме со министерот кога ги браниме законите и мислењата. Тогаш сe имаше предвид дека треба да бидат усогласени и другите закони со оној текст што беше предложен, пред да може да се донесе“ рече заменик-министерката за правда Викторија Мадиќ во утринската програма на „Слободен печат“.
Ацо Кабранов: Изборната кампања официјално не е почната но јасно е дека и за овие избори наместо програми и проекти за подобар живот – партиите на граѓаните за жал и овој пaт ќе им сервираат национализам како проверена понуда која ќе им донесе гласови.https://frontline.mk/2024/02/06/vmro-dpmne-bez-konkretna-ponuda-go-pumpa-narodot-so-nacionalizam/
Санела Шријељ: Студентите се најпрогресивната сила како во секоја држава така и во нашата и токму оваа Влада предводена од СДСМ покажа дека се грижи за потребите на студентите, разговара со нив и како резултат на тој дијалог во изминатите неколку години значително ги унапредивме правата на студентите а воведовме и некои нови. https://novatv.mk/sanela-shrijel-sekogash-gi-poddrzhuvame-studentite-da-se-glasni-da-se-borbeni-vo-svoite-barana/
Високиот претставник Кристијан Шмит денеска изјави дека враќањето на довербата на јавноста во изборниот систем е итен приоритет за властите во БиХ.
После точно 5 години молк, и на само неколку месеци пред одржување на парламентарните и претседателски избори, на проф. Владимир Трајковски му текна дека му смета името Северна Македонија и се закани дека ќе им ја намали оценката на студентите во чиј индекс пишува Северна Македонија.
„Изборната кампања официјално не е почната но јасно е дека и за овие избори наместо програми и проекти за подобар живот – партиите на граѓаните за жал и овој пaт ќе им сервираат национализам како проверена понуда која ќе им донесе гласови“, вели политичкиот аналитичар и долгогодишен новинар Ацо Кабранов, анализирајќи го опозицискиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ на спроти европскиот концепт и проекти што ги нудата партиите од владиното мнозинство.
Државната изборна комисија може да функционира со шест члена, тоа е согласно Деловникот, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандумот за соработка со МИА.
Собранието денеска работи без доволен број пратеници и за предлог-законите што беа на дневен ред на трите последователни седници (138, 135 и 95) ќе се гласа дополнително. Кворум имаше само за изгласување на Предлог-одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Обединетите нации (УНИФИЛ) во Либан, која беше прва точка од првата од трите седници.
Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата на Слободен печат истакна дека методологијата за усогласување на пензиите е трајно решение во корист на пензиите и дека тоа ниту денес ниту во иднина нема да зависии од нечија политичка волја.
(Видео) „Полиграф“: Кој објави погрешни информации за индексот на перцепција на корупцијата 2023?
Резултатите од индексите на меѓународните организации честопати се пренесуваат погрешно, особено во онлајн медиумите. Таков е случајот со „Индексот на перцепција на корупција за 2023 година“ на Транспаренси интернешел што беше актуелен деновиве. На 30 јануари 2024 порталот „Плусинфо“ објави наслов: „ПОЛОШИ ОД АЛБАНИЈА И ОД ЦРНА ГОРА, ПОДОБРИ ОД СРБИЈА И ОД БУГАРИЈА? Македонија напреднала според индексот на перцепција на корупцијата“. Во текстот на порталот се тврди: „Албанија има напреднато за една позиција и се наоѓа на 67 место со 45 индексни поени. Бугарија има напреднато за две места и се наоѓа на 98 место со 37 индексни поени“.…
„Студентите се најпрогресивната сила како во секоја држава така и во нашата и токму оваа Влада предводена од СДСМ покажа дека се грижи за потребите на студентите, разговара со нив и како резултат на тој дијалог во изминатите неколку години значително ги унапредивме правата на студентите а воведовме и некои нови.“, изјави Санела Шријељ на прес-конеференцијата.













