Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ без конкретна понуда, го „пумпа“ народот со национализам

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ПОЛИТИКА, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 6, 2024 13:16

„Изборната кампања официјално не е почната но јасно е дека и за овие избори наместо програми и проекти за подобар живот – партиите на граѓаните за жал и овој пaт ќе им сервираат национализам како проверена понуда која ќе им донесе гласови“, вели политичкиот аналитичар и долгогодишен новинар Ацо Кабранов, анализирајќи го опозицискиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ на спроти европскиот концепт и проекти што ги нудата партиите од владиното мнозинство.

-Така ќе биде се додека граѓаните дозволуваат нивниот глас да заврши на контот на тие што шират национализам и си играат со нивната безбедност, наместо понуда за подобар живот. Мислам дека и на овие избори место гласови за квалитетна понуда – граѓаните ќе гласаат за оние што ќе им продаваат популизам и национализам. Според мене проблемот е и во нас граѓаните што се палиме на тоа место од партиите да бараме понуди кои ќе ни овозможат подобар и достоинствен живот, вели Кабранов во изјава за „Фронтлајн“.

Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Северна Македонија вели дека секаде во демократските општества опозицијата ја критикува власта и ги нагласува нејзините евентуални слабости, но додава, дека тоа не е случај и во нашата држава.

– Ако опозицијата не се произнесува за јасна визија, тогаш таа опозиција се квалификува како деструктивна. Таа мора да понуди јасна и искрена алтернатива пред граѓаните, посебно кога има јавни индикативни постапки кои се под влијание на Путиновата Русија. Фактот дека се опструира продолжувањето на преговорите со ЕУ – со противењето да се гласа за уставните измени, без конкретна алтернативно решение, алудира на замајување на граѓаните се до чинот на гласање, без јасна перспектива за државата, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот деструктивен ултранационалистички тандем Левица низ целиот мандат на актуелниот состав брутално ја опструираа работата на Собранието, а со тоа им наштетија на граѓаните при носењето на законите неопходни за општествено-економските текови. Христијан Мицкоски и неговиот тандем Димитар Апасиев со противењето на уставните измени го спречуваат и непречениот напредок на Северна Македонија кон Европската унија, а со тоа се позиционират зад анти-ЕУ силите, кои не сакаат членство на земјата во големото европско семејство – сакаат да ја насочат кон Путиновата Москва, како и да и го сменат стратегискиот правец на Северна Македонија од ЕУ и САД кон Русија и Кина.

Мандатот на актуелниот шеф на државата завршува на 12 мај, а дотогаш нема да има време да се конституира новото собрание. Затоа на 12 мај ќе има седница за инаугурирање на новиот претседател, само доколку не бидат поднесени жалби кои би можеле да го променат изборниот резултат.

Последните претседателски избори се одржаа во 2019, а парламентарните во 2020 година. Изборите на 8 мај ќе бидат 11 парламентарни од осамостојувањето на државата, додека претседател ќе се бира по седми пат, вклучувајќи го и првиот од двата мандата на Киро Глигоров кој беше даден врз основа на избор од страна на Собранието согласно тогашните уставни решенија.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ ЕУ национализам Рамадани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.