Author: Marija Todorovska
Движењето Антикоцкање од Тетово одржа прес-конференција од која побара ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи усвојувањето на законот со кој објектите на игри на среќа ќе се оддалечат 500 метри од образовни и други установи. Движењето Антикоцкање кое првично бараше да оддалечат објекти три километри од населени места, сега бара и затворање на сите објекти.
Беа потребни шест морски беспилотни летала, напојувани со млазни скутери, за да потонеме руски ракетен брод минатата недела, изјави член на тајната украинска единица за Си-Ен-Ен.
Златан Арсиќ, кој беше обвинет за воени злосторства во Каменица во 1999 година, беше ослободен во понеделник, на 5 јануари, откако Основниот суд не докажа дека е припадник на српската полиција. Пред него, 16 други лица обвинети за воени злосторства на Косово беа ослободени со судски одлуки по завршувањето на војната, пишуваат косовските медиуми.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 55 годишниот Г.В.. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15.30 часот при извршување работни задачи во фирма во Велес. Увид на местото извршила увидна полициска екипа, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
лужбата за безбедност на Украина ја неутрализираше моќната мрежа HUMINT управувана од ФСБ, која беше вклучена во собирање високо чувствителни доверливи податоци, вклучително и за системот за заштита на нуклеарните централи, точно позиционирање на утврдувањата на крајбрежјето во регионот Одеса и рутите за снабдување на меѓународната воена помош, пренесува Укринформ според прес-службата на СБУ.
Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно).
Од утре, среда, (07.02.2024) пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година. Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок. Истовремено, оние ослободени термини…
Почна конститутивната седница на Собранието на Србија, на која се потврдија мандатите на 250 изабрани пратеници, кои положија заклетва, по што ќе се бира претседател на Парламентот и други тела.
Премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, рече дека е благодарен што ракот на кралот Чарлс бил „рано откриен“, пренесе Гардијан.
Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога.
Полициски службеници денеска го привеле 26-годишниот Е.Х. од Арачиново, кој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна.














