Author: Marija Todorovska

Бујар Османи: Поставувањето на јасна визија за идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата. https://novatv.mk/osmani-od-rim-jasna-vizija-za-idnoto-proshiruvane-na-eu-so-zemjite-od-zapaden-balkan-e-od-znachaen-ekonomski-i-bezbednosen-interes/

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, учествувал на состанокот на министри за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан”, што се одржа во Рим, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, соопштија денеска од МНР.

Read More

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) втор ден штрајкуваат поради најавите за кратење на нивните плати. Сите подрачни единици и денеска нема да извршуваат работни задачи, освен најитните. Според најавеното, ќе бидат скратени услугите кои се однесуваат на барање за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомести за породилно отсуство и за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазични обрасци итн. Непречено ќе работат лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба.

Read More

Во ЦУК во 06.05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува.

Read More

Вечерва, со почеток од 19 часот во Филхармонија се одржа настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ организиран од страна на Ромите за Демократијата.

Read More

Околу 1.500 граѓани денеска лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред, а во текот на вчерашниот ден тоа го направиле 500 граѓани. Дополнително голем дел од апликациите пристигнале по пошта, претежно од граѓани од другите градови во земјава и тие ќе се обработуваат во текот на викендов, информираат од Министерството за економија.

Read More

МВР соопшти дека 19-годишен турски државјанин со престој во Скопје вчера бил примен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во тешка здравствена состојба по што починал.

Read More

Настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ ќе се одржи на 03.02.2024 во Филхармонија со почеток во 19:00 часот. Фондација Ромите за Демократија го организира овој настан како почеток на иницијатива за справување со политичките предизвици на Ромите. Настанот има за цел да ги претстави клучните приоритети на политиката корисни и за Ромите и за Северна Македонија како целина. Еден главен фокус на што ќе се насочат е иницијативата за водење кампања за изборен интегритет, што ќе се однесува непосредно пред изборите, за да се зајакне гласот на Ромите во делот на политичкото учество.

Read More

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт, денеска во законодавниот дом ја одржа 21. седница на која расправаше за годишните извештаи на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како и за годишниот извештај на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип.

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Северна Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на затворот, бил ангажиран како надворешно – статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на затворскиот објект. Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои…

Read More