Author: Marija Todorovska
„Искуството низ годините покажа дека верските прашања можат да бидат многу сензитивни. Затоа сметам дека пишувањето и објавувањето на информации и за тоа какви се состојбите во МПЦ и ИВЗ е корисно за општеството. Јас тоа го работам низ призма на новинарскиот аспект. Така функционира религија.мк, не е верски портал. Се создаде фама дека владиците и нивното општество се доведени во опасност поради моите пишувања. Ниту сум јас толку моќен ниту пак тие толку ми се плашат“, изјави новинарот Марјан Николовски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ по прашање на тема околу обидите на црковните власти да го замолчат критичкото…
Два руски суда оваа недела ги изрекоа првите пресуди во врска со она што владата го нарекува „меѓународно ЛГБТ социјално движење“ кое минатата година беше означено како екстремистичко.
Основниот суд на Приштина денеска го осуди косовскиот Србин, Душко Арсиќ на 13 години затвор за воени злосторства, кои, според обвинението, ги извршил во селото Бутовац за време на војната во Косово во февруари 1999 година.
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, оствари денеска средба со Андреа Силвестри, амбасадорот на Италија во земјава, на која, меѓу другото, беа разменети мислења околу обврските што треба да ги реализира законодавната власт во наредниот период до редовните претседателски и парламентарни избори.
Од Собранието денеска информираа дека делегација предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав со Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска по повод 152- годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, на 4 февруари 2024 година (недела), во 10:00 часот, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.
На прес-конференција Ненад Коциќ изјави дека после 20 години шепотење и не преземање ништо токму во време на СДСМ надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија.
„Министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ јавно изјави дека не успеал да ја убеди амбасадорката на соседна Грција. Затоа нема што да прави, не може да го реши проблемот со пасошите. Замислете, многу „силната партија“ ДПМНЕ не може една амбасадорка да ја убеди, нешто да смени. Истите оние кои јавно велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог“, изјави Каевски.
Штипските пензионери почнаа да се пријавуваат за обезбедување огревно дрво за наредната грејна сезона во Здружението на пензионери Штип. Претседателот на Здружението на пензионери, Ристе Нетков денеска изјави дека пензионерите можат да се пријават до 15 март. Посочи дека оваа сезона се очекува цената на огревно дрво да биде пониска за 10% споредбено со цената од минатата година.
Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од понеделник ќе стапат во штрајк.
Тренчевска: Она што за лицата со попреченост пред 2019 година не беше замисливо, денес е реалност
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги посети малите групни домови на „Порака – Неготино“ во Волково, Општина Ѓорче Петров. Процесот на живеење со поддршка (деинституционализација) започна со воведувањето на социјалната реформа во 2019 година. Со таа одлука лицата со попреченост ги напуштија големите и гломазни институции за да живеат во мали групни домови со што им се овозможи полесна интеграција во општеството.















