Author: Marija Todorovska
За време на маратонската расправа за законодавниот пакет на ултралибералната влада во парламентот на Аргентина, синдикалците и социјалните активисти вчера се судрија со безбедносните сили во Буенос Аирес.
Полицијата во Мароко уапси 30 лица осомничени за трговија со бебиња и уцена поради стекнување профит во Фез, град на северот на земјата.
Осум полицајци и еден затвореник се повредени во бунт во затвор во јужна Калифорнија во кој учествувале околу 200 затвореници, соопштија денеска локалните власти.
Преку проектот на Светската банка за „Модернизација на плаќањата на Западниот Балкан“, во кој учествува Народната банка, како и останатите централни банки од регионот, со натамошна дигитализација и поврзување на земјите од регионот во областа на плаќањата, ќе се работи на олеснување на прекуграничното тргување, зголемување на конкурентноста и намалување на трошоците за меѓународните плаќања, кои во моментов се повисоки и до шестпати во однос на земјите од ЕУ.
Изминатото деноноќие имало над десетина пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Околу половина милион Авганистанци го напуштија Пакистан откако пакистанската влада минатата година соопшти дека масовно ќе депортира нерегистрирани бегалци, соопштија денеска ОН.
Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска треба да донесе одлука за јурисдикцијата во случајот што Украина го покрена против Русија по инвазијата на таа земја пред две години.
Првиот вицепремиер на Косово, задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими ја повика Европската унија да биде движечка сила за Западен Балкан, барајќи европските земји да бидат обединети како во случајот со Украина.
Мартин Костовски: Ако сакате да бидете во техничка влада со ДУИ како што прифати ДПМНЕ треба да бидете близок пријател на Христијан Мицкоски, да бидете реликт од структурите на Груевски или да имате рачиња во медот. https://novatv.mk/kostovski-ako-sakate-da-bidete-vo-tehnichka-vlada-so-dui-kako-shto-prifati-dpmne-treba-da-bidete-blizok-prijatel-na-hristijan-mitskoski-da-bidete-relikt-od-strukturite-na-gruevski-ili-da-imate-rachina/
„Оваа генерација на политичари од СДСМ воопшто не калкулираше со сопствениот рејтинг, со егоцентричноста во делот дали ќе ја задржам функцијата, што ќе биде, како ќе биде. Донесовме стратешки битни историски одлуки. Која кадровска понуда ја даде ВМРО-ДПМНЕ од градоначалници? Чесни ликови од ДПМНЕ. Градоначалник на Карбинци набавил старо возило за 25 илјади евра. Велес за тракторче потрошил 40 илјади евра. Ако сакате да бидете во техничка влада со ДУИ како што прифати ДПМНЕ треба да бидете близок пријател на Христијан Мицкоски, да бидете реликт од структурите на Никола Груевски или да имате рачиња во медот. Тоа се кадровските понуди…
Премиерот Талат Џафери денеска оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија. Изразувајќи благодарност за досегашната блиска и активна соработка со европратеникот Ќучук во изминатите четири години, премиерот Џафери го нагласи задоволството од поддршката на Ќучук во промоцијата на европското досие на Северна Македонија во Европскиот парламент и неговиот личен придонес во носењето важни одлуки за земјата. Последен успешен пример во таа насока беше процесот на „Дијалогот Жан Моне“, во рамки на кој се одвиваа разговорите за новиот Деловник на Собранието, кој беше усвоен со консензус од пратениците. На средбата беа разменети мислења за…
Портпаролката за надворешни работи на Русија, Марија Захарова дезинформира дека институциите во Приштина „сакаат“ да ги избришат трагите од присуството на Србите и да го албанизираат нивниот идентитет, пишуваат косовските медиуми.














