Author: Marija Todorovska
Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени како „кукавички и бесрамен чин“ рускиот напад во Украина, во кој загинаа двајца француски хуманитарни работници.
Ренџерската служба на ЈУ Национален парк „Пелистер“ изврши прихрана на дивечот на три локалитети во истоимениот национален парк.
„САД се во право кога велат дека ВМРО-ДПМНЕ мора да сподели конкретен план и чекори за тоа дали и на кој начин ќе ја продолжат евроинтеграцијата на нашата земја. Македонија мора да остане на патот на членство кон ЕУ, тоа е најдобрата опција“ – констатираат политичките аналитичари.
Во Ислснд наскоро може да се случи нова вулканска ерупција, предупредија денеска исландските власти.
Детскиот фонд на Обединетите нации УНИЦЕФ денеска соопшти дека проценува дека 17.000 деца во Газа биле оставени без придружба или одвоени од нивните семејства за време на конфликтот, а на речиси сите деца во енклавата им е потребна психолошка поддршка.
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ ЦИВИЛ МЕДИА Во редовите на симпатизерите на опозицијата, чии претставници влегоа во неделата во техничката влада на РСМ, како дел од подготовките на парламентарните избори, владее своевидна „шампањизација“. Овој пат со некои домашни видови на пијалак. Седнати по парковите истите до пладне оваа „пржинска промена“ на владините редови, последица на постоењето на 11 – годишниот режим на Груевски и на обидот на надворешниот фактор да внесе каков-таков ред во одвивање на изборите, ја доживуваат како некаков „уриет“. Барем до пладне, кога „шампањското“ очевидно предизвикува и поинакви реакции, често во форма и на меѓусебни кавги. Нови влошувања, нови влошувања……
Министерството за здравство информира дека од месец ноември досега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип.
Емилија Целакоска: Сликата им е јасна за 1 секунда, и на О’Браен, и на Блинкен, и на Агелер, и на Коп, и на сите европски и американски претставници, та не се од вчера: ЕУ не му одговара на ВМРО-ДПМНЕ оти просторот за матење вода се намалува и мораат да тераат со друга агенда, додека пуштаат летки дека биле „проевропски“ колку да можат уште да играат. https://racin.mk/kolumni/nekoherentnite-chuda-na-vmro-dpmne/
Замислете сега во една држава критична маса која ем не разбира дека стандарди како оние на ЕУ се големо подобрување на услугите од државата, ем сите тие луѓе се истопоруваат како одлучувачи за државата – сите гласаат против влез на ЕУ стандардите.
Скопскиот регион со 44.9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ангела Агелер: Гласачите мора да бараат од кандидатите детални планови за иднината и гласачите откако ќе се информираат, треба да гласаат. Мора да гласаат и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, бидјеќи ништо не се случува случајно и ништо не се постигнува со останување дома. https://novatv.mk/ageler-nishto-ne-se-postignuva-so-ostanuvane-doma-neglasaneto-ne-e-vistinskiot-odgovor/
„Гласачите мора да бараат од кандидатите детални планови за иднината и гласачите откако ќе се информираат, треба да гласаат. Мора да гласаат и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, бидјеќи ништо не се случува случајно и ништо не се постигнува со останување дома“ рече американската амбасадорка Ангела Агелер за ТВ24.













