Author: Marija Todorovska
Од Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) изјавија дека се очајни бидејќи се повеќе земји го прекинуваат финансирањето, по обвинувањето на Израел дека некои вработени биле вмешани во нападот што го изврши палестинското движење Хамас на 7 октомври минатата година врз израелска територија.
Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, а за толку ќе поскапи и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Мајката и таткото на момчето кое на 3 мај уби девет деца и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, Владимир и Миљана К. денеска на судењето во Вишиот суд во Белград, ја негираа вината.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија. На средбата се разговараше за економскиот амбиент во државата, за заштита на интересите на бизнис заедницата како и поддршка на приватниот сектор.
Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, и генералната секретарка, Цветанка Иванова, остварија денеска средба со директорката на швајцарската Агенција за развој и соработка на Југоисточна Европа, Катарина Помпилио, на која присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман.
Европската комисија денеска соопшти дека своите следните одлуки за финансирање на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) ќе ги донесе врз основа на резултатите од истрагата по обвиненијата за вмешаност на членови на нејзиниот персонал во нападите на Хамас врз Израел во октомври минатата година.
Сиромаштијата и социјалната исклученост оставија големи последици врз животот на децата, го отежнаа пристапот до основни услуги како што се здравствена грижа, образование, грижа за децата и квалитетно домување. Децата кои се соочуваат со сиромаштија и/или исклучување се среќаваат со поголеми пречки, бидејќи системите не се поставени за да им служат на овие деца – систематски да ги идентификуваат и децата и потребите, да стапат во контакт со нив, да ги поврзат со основните услугите и да ги следат во целиот систем.
Официјални лица и гласноговорници на Кремљ продолжуваат да поставуваат услови за дестабилизација на Молдавија, најверојатно како дел од напорите да ја попречи нејзината интеграција во ЕУ, меѓу другите цели, напиша американската тинк-тенк организација Институт за проучување на војната (ISW) во својата проценка од 28 јануари.
Главната управа за разузнавањето на Министерството за одбрана на Украина, тврди дека проукраинските хактивисти го пробиле рускиот центар за вселенска хидрометеорологија, познат како „Планета“ и избришале 2 петабајти податоци.
Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова денеска стапи на функцијата, а добредојде и посакале министерот за финансии Фатмир Бесими и заменикот-министер за финансии Филип Николовски.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески денеска ја одржал првата редовна понеделничка координација, по изборот на функцијата.















