Author: Marija Todorovska
Големо количество воена опрема, откри грчката полиција во дом во градот Лерин, а уапсени се две лица кои поседувале оружје, над 72 килограми барут, над 35.000 чаури, 11 рачни бомби, како и импровизиран експлозивен механизам.
Албанскиот опозициски блок денеска оствари средба со новиот претседател на Собранието, Јован Митрески и побара да се деблокира процесот за избор на член на ДИК.
Во контекст на кратење на финансирањето од неколку земји за Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), која се смета за спас за два милиони луѓе во опколената енклава, откако неколку нејзини вработени беа обвинети од Израел за вмешаност во нападот на Хамас на 7 октомври, поранешен портпарол на УНРВА, Крис Ганис упати порака до земјите од арапскиот свет, особено до тие во Заливот да ја пополнат оваа празнина.
Секретаријатот за етика во Парламентот на Албанија донесе одлука за исклучување на 18 пратеници на ДП од пленарни седници на 10 дена и заменикот Ервин Салијањи на 20 дена, поради блокирање на работата на Собранието, известија албанските медиуми.
Пред неколку дена, Фондацијата Метаморфозис го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2023 година“. За резултатите на истражувањето во однос на довербата на публиката во медиумите и ситуацијата со дезинформациите, во „Полиграф“ разговараме со истражувачот Ѓорѓи Митревски.
Приведен е 39-годишник од кавадаречко поради сомнение за физички напад врз малолетник, информираат попладнево од СВР Велес.
П.С. (67) од Србија, кој работел како стручен консултант на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, вчера бил пронајден починат во објектот.
Поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија и двајца вработени, од кои една медицинска сестра се приведени денеска во врска со скалндалот на Онкологија, кој минатата година ја разбранува јавноста. Клиниката функционира нормално и сите закажани прегледи и терапии течат тековно без проблеми.
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, денеска потврди дека добил предлог за договор за заложници и прекин на огнот, што беше изготвен во Париз со помош на посредниците во преговорите.
Едно од 10 злосторства од омраза во САД се случува во училиштата, од градинка до колеџ, при што најчести мети се ученици од црната раса, а потоа еврејските и ЛГБТ жртвите, според извештајот објавен од Федералното биро за истраги (ФБИ).
Продажбата на американско оружје во странство минатата година нагло порасна и достигна рекордни 238 милијарди долари, јави Би-Би-Си.















