Author: Marija Todorovska
Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), која се смета за спас за два милиони луѓе во опколената енклава, претрпе кратење на финансирањето откако неколку нејзини вработени беа обвинети од Израел за вмешаност во нападот на Хамас на 7 октомври.
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување за уште шест месеци, до 31 јули 2024 година, на рестриктивните мерки кон физички и правни лица поврзани со руските активности што ја дестабилизираат состојбата во Украина, како и за додавање на четворица поединци и еден субјект на листата на санкционирани поради непочитување на човековите права во Русија.
„Техничката влада предводена од техничкиот премиер, покрај тоа што ќе треба да го продолжи истиот политички курс што го следеше Владата предводена од Димитар Ковачевски, треба да и обезбеди на земјата фер, демократски и кредибилни избори според меѓународни стандарди“, овие се очекувањата на политичките аналитичари со кои разговараше „Фронтлајн“ од три месечниот мандат на Талат Џафер и неговиот технички кабинет.
Од 30 ноември до 4 декември, на регионалниот настан „Авантуристички туризам на Западен Балкан – Колашин поврзува“ се сретнаа 40 тур-оператори за авантуристички туризам од шест земји од Западен Балкан, со цел да се вмрежат и формираат Асоцијацијата за авантуристички туризам на Западен Балкан (eng. Western Balkans Adventure Travel Association – WBATA). „Колашин поврзува“ ја продолжува соработката која започна на минатогодишниот собир за авантуристички туризам „Охрид поврзува“ и низата средби помеѓу двата настани. На настанот во Колашин беа присутни и гости од амбасадите на САД и Германија во Црна Гора, како и признати меѓународни експерти за авантуристички туризам како говорници.…
Грција ќе продолжи да ја поддржува Украина и билатерално и во рамките на ЕУ и НАТО, истакнал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Kонфузијата предизвикана пред се од недостатокот на цврсти докази од руската страна, како и од лавината обвинувања и контраобвинувања од двете страни околу уривањето на рускиот воен авион Ил – 76 во рускиот регион Белгород во близина на украинската граница и наводното загинување на десетици украински воени заробеници, продолжува да ја бранува јавноста и неколку дена по настанот.
Европската унија бара Косово да ја одложи забраната за употреба на динарот и да се најде решение во рамките на дијалогот, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Интересот за учество во Еразмус плус програмата од страна на учениците и студентите, расте секоја година, а секоја година се зголемува и квалитетот на апликациите, порача во интервју за Студио на Слободен печат, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци.
Дигитално изменети видеа и фотографии со кои се шират лажни вести ги преплавуваат секојдневно социјалните мрежи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на посилна воена поддршка од западните земји, предупредувајќи дека ако Украина не може да ја победи Русија, конфликтот ќе ескалира во трета светска војна.
Беседата „Како против пизмата?“ на авторот под шифра: „Адет госпоари“ е избрана за најдобра на конкурсот што во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Приличев по втор пат ја распиша охридската библиотека што го носи неговото име.















