Author: Marija Todorovska

Земјите од Западен Балкан кои стагнираат со реформи, не напредуваат на патот кон ЕУ и не ја усогласуваат својата надворешна и безбедносна политика со политиката на ЕУ, нема да можат да добијат пари од новиот Фонд за реформи и раст на Западен Балкан, изјави европарламентарецот и претседател на Одборот за надворешни работи Дејвид Мекалистер.

Read More

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху на денешната 73 седница, на која се изгласаа вкупно 22 точки на дневниот ред.

Read More

„Нема причина да се оптоварува прашањето за евентуални промени во составот на техничката влада, изјави идниот технички премиер на Северна Македонија“ – Талат Џафери, по последниот брифинг со новинарите како претседател на Собранието на Северна Македонија.

Read More

Денес и утре во организација на Царинската управа и со поддршка на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство се одржува јубилејниот 10ти неформален регионален состанок на кој учествуваат директори и високи претставници на Царинските управи од Западен Балкан, како и претставници од Британското министерство за надворешни работи – канцеларија за меѓународни операции и EXBS. Главната тема на оваа средба е подобрување на регионалната соработка на Царинските служби во насока на заедничка борба против шверцот, нелегалната трговија и организираниот криминал, со цел развој и унапредување на економската соработка во регионот.

Read More

Ивон Величковски: Северна Македонија дури по 20 години излезе од трауматичниот застој. Со силни (домашни, регионални, континентални и меѓународни) напори низ Рамковниот договор, Тиранската платформа, Софискиот и Преспанскиот договор. Со нив дојде до посакуваното: граѓанска држава каде Македонците ја остваруваат својата конститутивност во земја – членка на НАТО, со уште една цел: полноправно членство во ЕУ. https://novatv.mk/velichkovski-vmro-dpmne-so-odbivaneto-da-glasa-za-tehnichkata-vlada-ostava-prostor-da-gi-ospori-izborniot-ishod-politichko-mnozinstvo-shto-ke-gi-otvori-pregovorite/

Read More

Иванка Василевска: ВМРО-ДПМНЕ очекува од нашите стратешки партнери да го променат наративот и односот кон кон нашата држава. https://novatv.mk/vasilevska-ne-ja-otkriva-vizijata-na-vmro-dpmne-bidete-trpelivi-pochekajte-patokazite-ke-gi-pokazheme-posle-formirane-na-vladata/

Read More

„Би препорачала да бидете уште малку трпеливи, да почекате да излеземе со изборната програма, да почекате да ја формираме идната влада и уште во првите 100 дена да покажеме кои ќе бидат патоказите“ рече Иванка Василевска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и членка на Централниот комитет на партијата, во интервју за Слободен печат на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пред граѓаните. 

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има обрасци за патни исправи, откако омбудсманот Насер Зибери во неделата во интервју за Радио Слободна Европа рече дека граѓаните се жалат до Народниот правобранител дека МВР не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи и кажа дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи.

Read More

Лицето Зоран Божиновски (Буревесник), кој се претставува како новинар, објави на Фејсбук дека наводно во МВР имало проблеми, односно полицајци Албанци не сакале да учествуваат во акција за масовно апсење во населени места со албанско население.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ се уште не знае што ќе преземе и како ќе се постави по укажувањата на помошник државниот секретар на САД Џемјс О’Брајан дека тие се меѓу кочничарите на европската иднина. 

Read More

Илјадници луѓе ширум Русија стојат во редица на ниски температури во текот на викендот за да ги додадат своите потписи за поддршка на кандидатурата на опозицискиот политичар Борис Надеждин како противкандидат на Путин на претседателските избори во Русија во март 2024 година, објави Новајагазета.еу на Инстаграм.

Read More

„Спречувањето злоупотреба на државни ресурси во партиски цели беше причината за воспоставување на концептот на техничка влада пред избори. Одбивањето да се идентификуваат и учествуваат во таква влада гласајќи ја сосе премиер, затоа, не може да се толкува поинаку од обично оставање простор повторно етно-партиски да оспорат изборен исход од значење за нацијата – политичко  мнозинство што ќе ги отвори европските преговори низ изгласување на потребните уставни дополнувања“ пишува Ивон Величковски на Фејсбук.

Read More