Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Путин во паника, Русите чекаат во редици за поддршка на опозицискиот претседателски кандидат Надеждин

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2024 12:58

Илјадници луѓе ширум Русија стојат во редица на ниски температури во текот на викендот за да ги додадат своите потписи за поддршка на кандидатурата на опозицискиот политичар Борис Надеждин како противкандидат на Путин на претседателските избори во Русија во март 2024 година, објави Новајагазета.еу на Инстаграм.

 

Политичарот, кој беше номиниран од либералната партија Граѓанска иницијатива, бара потписи од 100.000 руски граѓани за да се квалификува како официјален кандидат и да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин во март.

И покрај снегот и ниските температури, луѓето чекаа три часа во редици за да ги достават своите потписи во градовите низ Русија, пишува на инстаграм профилот на Новајагазета.еу.

И телеграм каналот SOTA сподели видеа и слики од долгите редици во во градовите низ Русија, Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург каде покрај снегот и ниските температури, луѓето чекаа три часа во редици за да ги достават своите потписи.

Како што предходно објави порталот Новајагазета.еу, тимот на либералниот политичар Борис Надеждин во вторникот објави дека успешно собрал 100.000 потписи потребни за напредување на неговата кандидатура на претседателските избори во Русија во март во следната фаза.

Сцените без преседан на Русите кои трпеливо чекаат ред во големите градови низ Русија за време на викендот, огромно го зајакнаа профилот на Надеждин, при што лидерите на јавното мислење, вклучително и политичарите Михаил Ходорковски и Максим Кац, ја изразија својата поддршка од далечина.

До вторник напладне, кандидатурата на Надеждин доби 101.607 потписи за поддршка од руските граѓани, иако Надеждин му порача на персоналот на кампањата да продолжи да собира потписи додека не достигне 150.000. Откако ќе се соберат, потписите мора да се достават до Централниот изборен комитет (ЦИК) на проверка.

„Веќе собравме 101.000 потписи, но тие не се совршени. Треба да доставиме 105.000 беспрекорни потписи до ЦИК за кои тие не можат да најдат грешка, поради што треба да собереме што е можно повеќе“, напиша Надеждин во вторникот на својот канал Телеграма.

Извори од тимот на Надеждин потврдија за независните медиуми Медуза и Дожд дека потписите што ги имаат во моментов се недоволни бидејќи многумина нема да ги задоволат строгите критериуми на ЦИК и најверојатно ќе бидат отфрлени како „неисправни“.

Надеждин се нарече себеси принципиелен противник на рускиот претседател Владимир Путин, чија политика ја обвинува за „влечење на Русија назад во минатото“.

Остриот критичар на војната во Украина, Надеждин во својот манифест тврди дека:„Ниту една од нејзините цели не е исполнета и нема да биде без огромна штета за економијата и непоправлив удар за руската демографија“.

Драган Мишев / Цивил Медиа

претседателски избори Путин Руси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.