Author: Marija Todorovska
Сојузниот уставен суд во Германија ја отстрани неонацистичката партија Die Heimat (Татковина), од правото на јавно финансирање и даночните поволности што вообичаено се однесуваат на политичките организации.
Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за годинава најави отворање на ИПА 3 Програмата која, во делот меѓугранична соработка, предвидува 100 милиони евра. За овие средства, објасни Пенов, покрај општините, планските региони и невладиниот сектор, прв пат ќе може да аплицираат и бизнисите. Проектите ќе добијат целосно финансирање од ЕУ и 15 отсто државна дотација.
Полицијата вчера на патот во близина на село Мрзенци привела 21-годишен скопјанец во чие возило при контрола биле пронајдени седум мигранти. Тој на знак на полицијата не запрел со возилото и се обидел да побегне, но, бил фатен и приведен. При преглед на возилото полицијата пронашла седум мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина.
Турскиот парламент гласаше да и дозволи на Шведска да се приклучи на НАТО, ставајќи ја оваа нордиска земја чекор поблиску до влезот во Алијансата, олеснувајќи го дипломатскиот ќор-сокак што ги замати односите на Турција со САД и ги попречи напорите на Западот да ја изолира Русија поради нејзината војна во Украина.
Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во изминатото деноноќие гаснеше пожари во населени места во Скопско. Со едно противпожарно возило и четири пожарникари од 17:20 до 20:15 часот гаснеа запалена шума над рудникот „Бањани“ во Општина Чучер Сандево.
На сцената на Националната опера и балет синоќа своj прв концерт насловен JAZZ NOVA одржа новоформираниот Национален џез oркестар под диригентската палка на Џијан Емин, кој во изминатите седум години работеше како Здружение на џез музичари „БИГ БЕНД“, а со одлука на Владата доби статус на Национален џез оркестар. На првиот концерт беа застапени аранжмани од македонски автори како Шпато, Илија Пејовски, Владимир Николов и Александар Пејовски, како и композиции од членовите на оркестарот: Гордан Спасовски кој свири пијано и клавијатури и директорот на оркестарот Гоце Стевковски, од Сашко Николовски кој свири прв тромбон, од диригентот Џијан Емин, од Трајче…
Најстудено утрово е во Битола со -11 степени, во Тетово и Дебар се измерени -8, во Прилеп-7, Струмица -6, Берово, Штип и Демир Капија -5, Охрид -3. Над нулате е во Скопје и Куманово со три степени, Велес и Дојран четири и Гевгелија со седум степени, соопшти УХМР.
Бројот на погодените од ракетниот напад утринава врз Харкив во Украина, извршен од руските сили, се зголеми на 63, од кои пет лица загинаа. Последната откриена жртва е идентификувана како 21-годишна жена, чие тело се извлекува од под урнатините на уништениот станбен блок, изјави началникот на украинската Регионалната воена управа, Олех Синиехубов. Во претходниот извештај на Министерството за внатрешни работи ан Украина се вели дека бројот на повредените е до 57, меѓу кои и осум деца.
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер денеска изјави дека постои реална опасност Русија да нападне членка на Алијансата.
Министерката за финансии на САД Џенет Јелен синоќа истакна дека администрацијата на Бајден има намера да обезбеди на Киев буџетна подршка од 11.8 милијарди долари, а во рамките на дополнителното финансирање.
Образованието е клучно за економскиот и социјалниот развој на земјите партнери кои граничат со ЕУ и за зајакнување на нивните врски со Унијата, пред се на државите кои се дел од процесот на проширување на блокот, посочува Европската комисија по повод Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари.
– Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си.















