Author: Marija Todorovska

Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот 7,95 милиони, втор е Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони, а четврти е Сплит со 3,59 милиони патници, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“.

Read More

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето. Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни  мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе биде дефиниран во корективен план што заедно ќе го изготват овластените инспектори во АЦВ со одговорните во М-НАВ, информира директорот на АЦВ Томислав Тунтев.

Read More

Бисера Костадиновска Стојчевска: Министерството за култура, преку надлежните установи од областа на културата, преку синхронизирани професионални активности, се посвети на реставрацијата и конзервацијата на Куќата на Личеноски, со сите збирки што се во неа. Сите професионалци продолжуваат доследно да го обновуваат фондот на големиот сликар и да го реализираат овој проект, со што на новите генерации и на туристите ќе им се овозможи автентично да го доживеат амбиентот во која живеел и творел доајенот на македонската уметност, Лазар Личеноски. https://frontline.mk/2024/01/17/kostadinovska-sto-chevska-go-zashtituvame-likovnoto-bogatstvo-na-doa-enot-lichenoski-koe-e-tra-no-nasledstvo-za-idnite-generacii/

Read More

Мухамед Халили: Средбата на лидерите од Западен Балкан е во функција на економскиот развој на регионот во висина од 6 милијарди евра. Стимулирањето на економскиот развој ќе придонесе за побрза ЕУ интеграција на земјите од регионот. Познато е дека застојот на политичката соработка на земјите од Западен Балкан пред се на релација Косово – Србија, како и состојбата во Босна може да придонесе на раст на тензиите во регионот и давање прилика на Русија за проширување на тензиите и во другите делови на светот, а поготово на Балканот. Претседателот Бајден предупреди дека намалувањето на воената и економската помош на Украина…

Read More

Русија денеска во Обединетите нации негираше каква било „депортација“ на нејзина територија на илјадници украински деца по инвазијата на Украина, за што ја обвинуваат Киев, меѓународната правда и невладини организации.

Read More

„Гласен текстилец“ со огромно разочарување ја доби веста дека Владата на Република Северна Македонија  подготвува предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка. Со овој предлог предвидено е добивање и на плата во плик,  изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети денеска дополнителни 45 милиони долари за помош во борбата за стабилност и против конфликтите во западноафриканските земји, во кои нестабилноста е зголемена во последните години поради бунтовите на џихадистите.

Read More

Теодора Столевска: Многу често се случува младите да не се наградени соодветно со своите капацитети. Често тие кога ќе дојдат на работа се помалку платени, соодветно на искуството. Но, многу често кога после 1,2 или 3 години младите ќе го стекнат потребното знаење и вештини, платите во компаниите каде работат не го рефлектираат тоа. Затоа тие си бараат работа некаде каде ќе бидат препознаени и нема вечно да бидат најмладиот човек во компанијата. Но, според мене побитен е фактот дека како млад човек, сакаш постојано нешто ново да учиш. https://novatv.mk/video-teodora-od-mof-88-od-mladite-se-svesni-od-potrebata-za-postojano-uchene-toa-chesto-go-nosi-i-na-novo-rabotno-mesto/

Read More

Официјален Киев, очекувано, го одби предлогот на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој кажа дека Украина треба да и предаде дел од својата територија на Русија за да се стави крај на војната.

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел изјави дека не може да се дозволи Израел еднострано да го блокира создавањето палестинска држава по војната во Појасот Газа.

Read More

Славјанка Петровска: Ако не сакаат да си ги гласаат сопствените министри, тогаш се поставува прашањето која е логиката да номинираат, а да не сакаат да ги поддржат. Имаат сомнеж во сопствените министри? На пратениците од парламентарното мнозинство не им се бендисува некој друг лично, можеби сметаат дека некој не треба да биде во таа влада, но гласаат имајќи во предвид целиот концепт во таа влада. Впрочем прашањето сега е за се уште актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери. Им пречи. Па тој со години е претседател на Собрание таму каде што истите тие пратеници речиси секојдневно со него на најразлични начини…

Read More