Author: Marija Todorovska
Северна Кореја, по наредба на својот лидер Ким Џонг-Ун, уништи споменик во главниот град што ја симболизира целта за помирување со Јужна Кореја.
Можното намалување на американската помош за Украина е лоша вест, но Европа треба да биде подготвена да го зголеми својот удел, изјави претседателот на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, Михаел Рот, во интервју за Укринформ.
Контроверзниот лекар и носител на листата „МИ-ГЛАС ИЗ НАРОДА“ Бранимир Несторовиќ неодамна изјави дека Србија треба да се подготви за напад на Косово и за војна.
Премиерот на Косово Албин Курти денеска преку објава на Фејсбук порача дека Албанците мора да застанат еден до друг, за развој, демократизација, реформи, напредок и благосостојба, објавувајќи при тоа фотографии од вчерашната средба со премиерот Еди Рама и со лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.
Поради воведување паралелка на албански наставен јазик во ноември лани, наставата во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и понатаму се бојкотира и во второто полугодие, а вчера и денеска се зголемија и тензиите меѓу локалното население и полицијата, изјави Цвета Пешовска од Советот на родители, кои наставата ја бојкотираат од 23 ноември лани.
Кривична пријава е поднесена против полициски службеник А.Т. од Охрид осомничен за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД најверојатно ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија доколку поранешниот републикански претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа.
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека е можно земјава да биде прва во регионот по инвестиции во батериски системи за складирање електрична енергија. Ваквите инвестиции, како што рече денеска на панелот во рамки на конференцијата „Година на европски можности“, е предвидено со законот за обновливи извори на енергија кој веќе е на ЕНЕР.
Ана Василевска: Не е потребно да си детектив за да се осуети предвидливоста на постапките на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ – кучињата лаат, караванот си врви. Граѓаните се заложници на партиски местенки, толку добро познати за опозицијата која како што знаеме е подготвена и војна да направи за да ја освои власта. Додека Арсовска сега спие на картата да биде нов тројански коњ за нови коалициони здружувања, иживувањата врз граѓаните не престануваат. https://novatv.mk/kako-ne-vozat-danela-i-40-shpitsni-razbojnitsi/
Агенцијата за млади и спорт бара од Општина Прилеп и од Општина Велес да се обезбедат локации за затворени базени.
Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе ја активира одлуката за штрајк донесена на 16.11.2023 година, доколку на утрешната седница на Управниот одбор на ФЗО се донесе одлука со која ќе се намалат платите на вработените како што тоа го бара Владата и Министерство за финансии, соопштија денеска од Синдикат на УПОЗ.
Тројца Италијанци загинаа откако се урнал хеликоптер кој превезувал скијачи во Канада, а четири лица се тешко повредени, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на извори.














