Author: Marija Todorovska

Диана Тахири: Скопјани на времето памтеа кој ги врти, кој не ги врти, а кој си игра на нивна сметка. Не сум сигурна за сега, на многу им зависат работни места, па ќе си премолчат и за патни исправи, ќе си чекаат редови за пасоши, ќе чекаат паркирани автобуси на минусни температури, и ќе продолжат со сивиот живот во очекување на некое државно работно место за своите деца, внуци, роднини, секако, по „гласање по убедување“ на следни избори. https://civilmedia.mk/da-ti-e-sram-i-strav-da-zhiveesh-vo-metropolata-narechena-skopje/

Read More

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари и во однос на ноември 2022 година, е зголемена за 16,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Read More

Француските земјоделци на трактори и во камиони денеска ги проширија блокадите на патиштата, предизвикувајќи бројни застои во сообраќајот и еден смртен случај, а синдикатите ја повикаа Владата да ги реши нивните барања за помали трошоци и помала регулација.

Read More

Артан Груби: Дали има руско влијание во нашите верски заедници Одговорот пронајдете си ги сами. Дали има руско влијание во нашите медиуми? Одговорот, пак си го знаете сами. Дали има руско влијание во невладините организации во нашето општество? И сите знаете дека има руски експоненти и елементи кои што прават се што е можно и во нивна моќ да ги нарушат прогресивното парламентарно мнозинство и коалиција која што сака да ја види оваа држава членка на НАТО и ЕУ и во вековно пријателство во Америка. Затоа се обидуваме да го изградиме европскиот фронт на заедништво, на прогресивни сили во државата.…

Read More

 Рибаро: Синодот решил МПЦ да отстапи и голем дел од парите што верниците ги оставаат во црквите за крштевки и погреби и други верски обреди и да им ги додели на самохраните родители, на домовите за згрижување на деца без родители, на лица кои бараат итна здравствена помош за операции и лекување и на други места и институции каде тие пари навистина ќе бидат искористени за доброто на граѓаните. https://frontline.mk/2024/01/17/mpc-e-gi-donira-na-gra-anite-svoite-ipovi-placevi-i-crkovnite-pari/

Read More

На екстремно десничарската партија Татковина (Die Heimat) на шест години и е укината државна финансиска помош, а донациите за оваа партија повеќе нема да се одбиваат од даночната основа, одлучи денеска Уставниот суд во Карлсруе.

Read More

Климатските промени можеме да ги решаваме само преку координирани политики и тоа е нешто што се препознава од оваа Влада. Соработуваме со ресорите и сите заедно детерминираме цели, пред се, во насока на намалување на загадувањето и во насока на подобар економски развој, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ што се одржува во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

Read More

„Економски стимул за побрза интеграција на регионот во ЕУ, дијалог за политичките спорови меѓу земјите од Западен Балкан, опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја каже својата алтернатива за интеграција на државата“ – овие беа главните пораки според поранешниот амбасадор Мухамед Халили од конференцијата за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан одржена во понеделник во Скопје.

Read More

Претседателот на државава Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Едуардас Борисовас, новоименуван амбасадор на Литванија во Северна Македонија, со седиште во Загреб.

Read More

Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Read More

„Најсоодветна и согласно перформансите меѓутоа и цената и комплетната понуда, вклучително и системот за одржување е понудата од италијанската компанија Леонардо, согласно која ќе бидат набавени два типа на хеликоптери, Агуста 149 и Агуста 169. Едниот хеликоптер е со поголема носивост, до 14 патници со опрема, а другиот е со помала носивост, до 8 патници исто така со вклучена опрема. Тоа е она што во моментов можам да го соопштам во текот на понудата. Се разбира сега одиме на следната фаза, а тоа е формирањето на комисијата за набавки, досега тоа го работеше интегрираниот проектен тим. Сега согласно процедурите ќе…

Read More

Џабир Дерала: Палатата Татарчев е во средината на тоа националистичко мочуриште, опкружена со политички полноглавци – московски ученичиња – задоени од сопствената суета и бескраен апетит за пари и власт. Нивното политичко срце бие во Кремљ и, ако не им успее операцијата, ќе дојде нечија сува старечка рака и ќе пушти вода во клозетот. Засега, ним не им пречи што се сами, па ревносно ја туркаат својата антизападна и радикално националистичка и проруска агенда. Ги користат, релативно успешно, сите можности да ги постигнат своите цели. Кампањата на нивниот агитпроп е интензивна. Крајната цел е сè да претворат во мочуриште што…

Read More