Author: Marija Todorovska
Израелската армија уби 11.000 деца од 7 октомври, кога почна со напади врз Појасот Газа, јавуваат турските медиуми.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на Икс објави дека, утрото на 699 ден од агресијата, руските агресори повторно извршија масивен ракетен напад врз Украина.
Поставени се структурно и системски решенија за нашата земја да чекори кон ЕУ. Важно е граѓаните да знаат што значи да се за ЕУ и што значи да се двоумат за таа опција, бидејќи, членството во ЕУ е клучно за раст на земјата како мала и отворена економија. Нашето економско чудо е можно само кога ќе станеме членка на ЕУ, беше истакнато на првиот панел насловен „На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“, во рамки на конференцијата „Година на европски можности“ што ја организира Владата.
Медиумите во земјава продолжуваат некритички да пренесуваат пропагандни дезинформации од руски функционери и медиуми што шират руска пропаганда.
Кога станува збор за измислени „нон-пејпери“, во ВМРО-ДПМНЕ се искусни по ова прашање зашто со такви измислици кои никогаш не беа докажани ја „инфицираа“ јавноста и за време на преговорите со Грција за решавање на спорот со името, и за време на чувствителните преговори со Бугарија…
Лариса Дир: Министерот за правда на Украина предложи Договорот, со кој ќе се потврди крајот на војната, да се заснова на Формулата за мир, да биде мултилатерален, односно потпишан не само од Украина и РФ, туку и од земји гаранти, да биде сеопфатен и да ги регулира сите области погодени од војната. Условите на договорот мора да бидат јасни и да имаат правно обврзувачки карактер, а самиот договор мора да биде ратификуван од парламентите на земјите учеснички. https://civilmedia.mk/277118-2/
Секое новороденче чии родители се жители на општина Зрновци ќе добие еднократна финансиска помош од пет илјади денари што ќе се исплаќаат од буџетот на Локалната самоуправа.
Украина ја препознава важноста на платформата на Советот за безбедност за документирање на сведочењето за модерната реинкарнација на Рибентроп и неговите послушници, изјави Сергиј Кислица, амбасадорот на Украина во ОН, обраќајќи се во Советот за безбедност во понеделникот како одговор на говорот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој го обвини Западот за воена помош на Кијив, јави дописникот на Укринформ од Њујорк.
Премиерот Димитар Ковачевски в четврток ќе поднесе оставка, по што ќе се отворат процесите за формирање техничка влада, која треба да го овозможи спроведувањето на парламентарните избори на 8 мај. Ковачевски ова го изјави денеска одговарајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата „Година на европски можности“, која се одржува во Скопје.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците Артан Груби беше конкретен и посочи кон Русија во однос на стратешките одлуки и процеси кои се правеле и прават во Северна Македонија и дека Русија секогаш била против. И тоа се факти коишто сите ги знаат, изјави премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање да даде коментар во врска со обвинувањето на Груби кон Русија, изнесени во неговото обраќање на конференцијата „Година на европски можности“.
Белгија годинава ќе и обезбеди на Украина 611 милиони евра, добиени од каматата на рускиот имот запленет во земјата. Ова го соопшти белгиското Министерство за одбрана.
НАТО не гледа непосредна воена закана од Русија кон ниту една членка на Алијансата, но ќе продолжи со операцијата за одвраќање преку претстојната воена вежба „Steadfest Defender“, најголемата во изминатите неколку децении, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.














