Author: Marija Todorovska
Тимоти Гартон Еш: Обновувањето на либералната демократија е сè повеќе и помалку тешко отколку што беше нејзиното првобитно создавање по крајот на комунизмот во 1989 година. Тоа е помалку тешко однадвор, бидејќи наместо сè уште да биде во Варшавскиот пакт и Комекон во кој доминира Кремљ, Полска е во НАТО и ЕУ. ЕУ не само што ги поздравува напорите на новата влада, туку и ја наградува со средствата на ЕУ кои може наскоро да бидат над 100 милијарди евра, задржани од претходната влада поради нејзиното кршење на владеењето на правото. https://novatv.mk/svetot-treba-da-nauchi-od-tragedijata-na-polska-vrakaneto-na-demokratijata-e-ushte-poteshko-otkolku-taa-da-se-sozdade/
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денес се сретна со новоназначената директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Валентина Суперти.
Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.
Американските и британските сили синоќа изведоа нови напади врз Хутите во Јемен, а претставниците на бунтовниците рекоа дека ќе продолжат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море како поддршка на Палестинците во Газа.
Негативните температури што се спуштија до -18 степени на некои места, се вообичаени за овој период од годината и засега нема да имаат последици врз поледелските култури, овошките и виновата лоза, велат агрометеоролозите од УХМР.
„Економски стимул за побрза интеграција на регионот во ЕУ, дијалог за политичките спорови меѓу земјите од Западен Балкан, опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја каже својата алтернатива за интеграција на државата“ – овие беа главните пораки според поранешниот амбасадор Мухамед Халили од конференцијата за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан одржена во понеделник во Скопје.
И последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, во текот на изминативе 24 часа веќе се евакуирани оттаму. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, информираат денеска од Министерстото за внатрешни работи.
Едно лице е полесно повредено во пожар во куќа на улица ,,23 Август” во Берово. Во пожарот што се случил синоќа околу 22:30 часот, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Берово, која спречила огнот да ги зафати соседните куќи, кои се наоѓаат во близина.
Мажот осомничен за убиство на осум лица во Џолиет, Илиноис, од кои седуммина од исто семејство, е пронајден мртов во Наталија, Тексас, а се претпоставува дека си го одзел животот со истрел од пиштол по пресметка со полицијата во Тексас.
Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој откако е отруен, нападнат и затворен без соодветна медицинска грижа, сега секое утро е принуден да го слуша песни за рускиот претседател Владимир Путин во затворот околу 60 километри од Арктичкиот круг.
Две лица загинаа, а седуммина се повредени во денешните руски ракетни напади врз Киев и Харков според досегашните информации, соопштија украинските власти.














