Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Европскиот напредок на државата е реалност

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 23, 2024 11:02

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денес се сретна со новоназначената директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Валентина Суперти.

На средбата се разговараше за успешно завршениот скрининг процес, за спроведувањето на Планот за раст, одлучноста на двете страни за упорно работење со цел пристапување на државата во ЕУ, реализација на реформската агенда и поддршката која Европската Комисија постојано ја дава за Северна Македонија.

Во таа насока, вицепремиерот Маричиќ изрази очекување за натамошна поддршка од европските институции за реформската агенда и процесите кои се пред нас на патот кон ЕУ, укажувајќи дека тоа е ќе придонесе да го задржиме европскиот курс на државата, и на стабилноста на целиот регион.

Директорката Суперти истакна дека посветеноста и стратегијата за вклучување на Европската Комисија за проширување на унијата со земјите од Западен Балкан е важна политика за регионот и продолжува со максимално темпо.  Планот за раст е инструмент за забрзување на клучните реформи, развој и поддршка на економиите на земјите од Западен Балкан, со цел напредок и реализација на стратешката цел за пристапување во ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции, потенцирајќи дека институциите ќе продолжат посветено да работат на евроинтеграциите, се до постигнување на крајнната цел, полноправното членство на државата во ЕУ.

На состанокот присуствуваа Државната секретарка на Секретаријатот на европски прашања Дрита Абдиу Халили и претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Дрита Абдиу-Халили ЕУ маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.