Author: Zoran Ivanov
Украина во текот на ноќта кон средата лансирала стотици дронови кон цели во Русија, соопшти руското Министерство за одбрана, оценувајќи дека станува збор за најсилниот украински напад со дронови од почетокот на војната во 2022 година.
Иранската војска тврди дека нејзините крстосувачки ракети успешно го погодиле американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“, објави иранската новинска агенција ИРНА, пренесуваат регионалните медиуми.
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, во името на Република Северна Македонија учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика остри реакции во европските престолнини со својата недвосмислена поддршка за војната што Доналд Трамп ја започна против Иран. Неговите изјави доаѓаат во момент кога Европа се соочува со енергетски шок предизвикан од конфликтот, што создава дополнителни тензии во рамките на трансатлантскиот сојуз, пишува „Фајненшл тајмс“.
Џељал Хоџиќ: Нашата власт се откажа од патот кон ЕУ, поради наводната загрозеност на идентитетски прашања. Мислите дека огромната популарност на Путин и Вучиќ во Северна Македонија е случајна?
Проблемот не е до тоа дали „немаше подобар“ од Славески. Подобри имаше и тоа добро го знаеме. Проблемот е што власта свесно го избра најконтроверзниот и најризичниот профил за довербата во Народната банка, а единствениот начин таа доверба да почне да се враќа е Трајко Славески да си замине.
Во судницата во Идризово продолжува судењето за случајот Пулс. Ќе се сослушуваат тројца сведоци предложени од Јавното обвинителство Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите од Општина Кочани
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе престане со работа на крајот од месецов, објави светската мрежа на РСЕ на социјалните мрежи.
Софија: Бугарската полиција вечерва спроведе масовна акција во која е запленето огромно количество фалсификувани пари.
Фатмир Битиќи: Само со намалување на ДДВ не се решава енергетски проблем. Тоа е само лепење на фластер на раната, а не терапија на процесите кои водат до проблемот.
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, призна дека редовно контактира со својот руски колега, Сергеј Лавров, зад затворени врати на министрите за надворешни работи на ЕУ, објави „Еуроњуз“.
СДСМ бара Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот Трајко Славески во законскиот рок за избор на вицегувернери во Народната банка.















