Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајненшл Tајмс: Руте со поддршката за Трамп го налути европскиот блок – НАТО пред нови поделби околу војната со Иран

0
By Zoran Ivanov on March 25, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 25, 2026 14:47

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика остри реакции во европските престолнини со својата недвосмислена поддршка за војната што Доналд Трамп ја започна против Иран. Неговите изјави доаѓаат во момент кога Европа се соочува со енергетски шок предизвикан од конфликтот, што создава дополнителни тензии во рамките на трансатлантскиот сојуз, пишува „Фајненшл тајмс“.

Изјавата на Руте дека европските сојузници на крајот ќе се обединат и ќе одговорат на повикот на американскиот претседател за испраќање поморски сили во Ормускиот теснец ги налути официјалните лица во повеќе европски главни градови, потврдиле дипломати од сојузот за ФТ. Со тоа се продлабочуваат тензии во НАТО околу прашањето колку далеку треба да се оди во исполнувањето на барањата на најголемата членка.

Ова нè става во навистина непријатна и незгодна позиција, изјавил еден дипломат на ЕУ. „Сакаме да покажеме добра волја, но исто така е вистина дека не сме во состојба на кој било начин да се вклучиме во конфликтот.

Непријатноста што преовладува во многу европски престолнини поради конфликтот, кој предизвика хаос на Блискиот Исток и доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и гасот, е во остар контраст со коментарите на Руте. Тој и досега беше познат по настојувањата да го смири и пофали Трамп за да го задржи САД ангажиран во воениот сојуз.

Тој го прави тоа за целиот свет да биде безбеден, изјави Руте во неделата, зборувајќи за одлуката на Трамп да го бомбардира Иран. „Сосема е логично дека на европските земји им требаат неколку недели да се усогласат“, додаде тој, мислејќи на барањето на американскиот лидер сојузниците од НАТО да се приклучат на поморските сили за придружба на бродови низ Ормускиот теснец, кој Иран го блокираше.

Трамп ги критикуваше сојузниците од НАТО затоа што не одговориле веднаш на неговиот повик, нарекувајќи ги „кукавици“ и предупредувајќи дека без САД, НАТО е „тигар од хартија“. Откако се врати на функцијата минатата година, американскиот претседател редовно го тестира трансатлантското единство – од трговијата и издвојувањата за одбрана до заканите со инвазија на Гренланд.

Земјите на Европската унија, од кои сите освен три се и членки на НАТО, минатата недела колективно го одбија повикот на Трамп за мисија во Ормускиот теснец. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас за конфликтот изјави: „Ова не е наша војна“. Сличен став изнесоа и министрите од Германија, Италија и Шпанија.

Тројца европски дипломати од земји членки на НАТО изразиле загриженост поради несразмерот меѓу изјавите на Руте и ставот на мнозинството европски престолнини. Иако не гледаат причина директно да го критикуваат Трамп, не се согласуваат ни со поддршката за неговата одлука за започнување на војната, рекле тие.

Оваа војна е, згора на тоа… политички катастрофална грешка за сите вклучени, изјави во вторникот германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. И тоа најмногу ме фрустрира: војна што навистина можеше да се избегне и беше непотребна.

Началникот на Генералштабот на француската армија, Фабиен Мандон, во вторникот изјави дека САД „стануваат сè понепредвидливи и дури не се ни обидуваат да нè известат кога одлучуваат да започнат воени операции“. „Тоа влијае на нашата безбедност. Влијае на нашите интереси“, додаде Мандон.

Еден официјален претставник на НАТО изјавил за ФТ: „НАТО не е вклучен во војната во Иран, но внимателно ја следи ситуацијата за сојузниците да бидат безбедни. Генералниот секретар е во постојан контакт со лидерите низ сојузот.“

Некои европски престолнини, предводени од Париз, сигнализирале подготвеност евентуално да се вклучат во поморски патроли во теснецот по завршувањето на војната. Целта би била да се заштити околу една петтина од вкупната светска испорака на нафта и гас што минува низ овој клучен пловен пат, кој го поврзува Заливот со меѓународните пазари.

Во исто време, некои европски функционери неофицијално се спротивставуваат на оценката дека ова „не е наша војна“, имајќи го предвид огромното влијание што конфликтот го има врз цените на нафтата и гасот, што ги зголемува трошоците за домаќинствата и компаниите низ Европа.

Последиците се наши, значи и конфликтот е наш, изјавил еден функционер, додавајќи дека бројни престолнини се во контакт со земјите од Блискиот Исток погодени од војната, со цел да се најде дипломатско решение.

Тензиите околу односот кон конфликтот и ставот на Трамп доаѓаат во момент кога американскиот државен секретар Марко Рубио во петок патува во Франција на разговори со колегите од групата Г7. Стејт департментот соопшти дека ќе се „разговара за заеднички безбедносни прашања и можности за соработка“.

 

 

ЕУ НАТО Руте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.