Author: Zoran Ivanov

Денешната „кикс фрики“ мерка е речиси естетски минимализам во споредба со тогашниот интервенционизам. Таа не се занимава со структурата на проблемот, туку со неговата перцепција. Намалувањето на ДДВ не ја менува основицата на цената, не ја допира акцизата, не влијае на глобалните пазари. Тоа е, во суштина, корекција на финалниот слој – козметичка, но политички експлоатибилна.

Read More

Дестан Јонузи: Во земја каде Уставот и реалноста живеат во различни димензии, формалните гаранции на правото често се судираат со суровата практика. Албанскиот јазик е уставно загарантиран, но во институциите сè уште се третира како „гостин“, привилегија која сите ја признаваат на хартија, а никој не ја практикува на терен. Како што истакна професорот Осман Кадриу: „Уставот го гарантира јазикот, а власта го контестира“. Ова е таа позната формула за одржување на статус-кво, внимателно запечатена зад институционалната фасада.

Read More

На средбата со хрватскиот претседател Миланиовиќ, Сиљановска Давкова зборуваше за македонската позиција спрема ЕУ и при тоа повтори дека она што го бара Република Северна Македонија е многу едноставно. Бара исти стандарди какви што се барале од вас, или какви што се бараат и од другите членки, а тоа се Копенхашките критериуми.

Read More

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди слабости во управувањето со парите, имотот и изборни ресурси во 2024 година од страна на Државната изборна комисија (ДИК) која, според најновиот ревизорски извештај објавен денеска, не ги поправила старите грешки утврдени во 2019 година, а дел од јавните набавки за кои биле распишувани огласи воопшто не биле реализирани.

Read More

Иран почна да им наплаќа на бродовите за минување низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас. Дел од комерцијалните бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за наплата“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за минување, според анализата на поморските податоци што ја пренесува Lloyd’s List.

Read More

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денешната на прес-конференција ја повика Владата да преземе конкретни мерки со кои ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Филипче му порача на премиерот Мицкоски, да ја надмине суетата, да ги отвори архвите и да види како владите на СДСМ се справуваа со кризите и им помагаа на сите граѓани и на стопанството. Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати…

Read More