Author: Zoran Ivanov
Да, осум правосилни пресуди, министре и Вие сте над законот.
Претседателот на Судот, на прес конференцијата одржана по завршувањето на седницата, изјави дека легитимната цел на донесувањето на оспорените одредби на Законот за ПИО, како мерка, е ублажување на последиците од зголемувањето на трошоците и инфлацијата. Види богати! Претседателот на Уставниот суд се грижи за „легитимната цел“ која ја одредила Власта (Владата како предлагач на Законот и Собранието како негов доносител). Таа е легитимна цел на власта, а не на уставниот поредок утврден со Уставот за чија заштита е надлежен Уставниот суд. Грижејќи се повеќе за легитимната цел на власта, отколку за заштитата на уставноста, претседателот губи од вид дека…
Изборот со кој се соочуваме не е помеѓу лицемерието на македонската „Ivy League” и вмровскиот антиинтелектуализам (кои во суштина работат заедно). Станува збор за судирот на македонската нужност за демократија која ја цени критичката мисла и движење кое се стреми неа да ја потисне – парадоскална средба помеѓу несовршен систем кој може да се реформира и идеологија која ја отфрла самата идеја за реформи. И додека министерката се занимава со кадрите и ги ора/ништи факултетите, науката ја разбира како колатерална штета. Таа ќе зависи од тоа што ќе остане после нејзиниот бран на реформи во образованието. Затоа што без луѓе…
Протестот денеска во 12:05 часот почна пред Работничкиот дом во Скопје, продолжи пред Собранието, за на крајот да заврши пред зградата на Владата.
Силни израелски напади го погодија Техеран, додека сојузниците на Иран изведуваат напади низ земјите од Персискиот Залив, а пловидбата низ Ормускиот теснец е сериозно нарушена, што доведе до нагло зголемување на светските цени на нафтата. Во меѓувреме, политичкиот притисок во Вашингтон расте додека конфликтот се шири низ регионот.
Со утринската литургија за загинатите во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани, со која чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион, започна одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс”.
Од пред Работнички дом од 12 часот и пет минути од започнув голем работнички протест за зголемување на платите.
Македонската филхармонија денеска на 14 март, сабота, со почеток во 12 часот, ќе одржи Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“.
Романот „Три Марии“ на писателката Оливера Ќорвезироска во издание на „Арс Либрис“ е добитникот на наградата „Роман на годината“ за 2025 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Овој протест не е само собир. Тој е огледало во кое секој работник може да се погледне и да каже „Јас вредам повеќе од ова. Мојот труд вреди повеќе. Мојот живот вреди повеќе“, порачуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Иван Пешевски: Утре ќе излезам на протест за покачување на минималната плата и за раст на останатите плати поради осиромашувањето на највредните работници во Македонија.
Бујар Османи: Претседателот на Уставниот суд го изгуби секој кредибилитет да раководи дури и со најмалата институција во една мултиетничка држава, а камоли со институција која треба да биде гарант на Уставот и на еднаквоста.















