Author: Zoran Ivanov
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто за неделникот Фокус, посочи дека премиерот Мицкоски наместо да им помогне на граѓаните со конкретни мерки во овој период на ценовни шокови, тој им држи лекции како да живеат, само за да не ја покачи минималната плата.
Четворица од шесте членови на екипажот загинаа откако американски воен авион за полнење гориво се урна во западен Ирак, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), пренесува NBC News.
Лидерот на опозициската ДУИ го обвинува Судот пред странските претставници дека носи етнички одлуки, врши мајоризација, веќе го укинал „балансерот“, чепка во албанскиот јазик, а под закана се и „хашките случаи“, односно Законот за амнестија. Ахмети е загрижен и дека Гоце Наумовски е избран за нов уставен судија бидејќи бил советник на Мицкоски и брат на Васко Наумовски, поранешниот вицепремиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека оваа недела земјите од Персискиот Залив искористиле повеќе PAC-3 ракети против иранските напади за неколку дена отколку што Киев добил од Вашингтон за четири години.
Загреб: Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска во Загреб, во изјава за медиумите се осврна на гласините за новото оружје на српската армија и повтори дека ќе го предупреди НАТО за тоа, но не сакаше да навлегува во детали.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да обезбедат воена придружба на бродовите низ Ормутскиот теснец доколку е потребно и се закани дека следната недела САД ќе го нападнат Иран многу жестоко, објави Фокс њуз.
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор:
Србија неодамна купила кинески балистички ракети воздух-земја CM-400AKG за своето воздухопловство, со што станала првата европска земја што го користи тоа оружје, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе Ројтерс.
Владата на Србија донесе одлука привремено да го намали износот на акцизата за нафтените деривати за 20 проценти, а одлуката ќе се применува од денес до 15 април, соопштија од Министерството за финансии.
Поради протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре, почнувајќи во 12.05 часот, ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје.
Сојузот на Синдикатите на Македонија утре, 14 март 2026 година, сабота од пред Домот на синдикатите ќе ја предводи протестната поворка на македонските работници.















