Author: Zoran Ivanov
Десет лица беа повредени во напад врз градот Днепар, вклучувајќи и едно 12-годишно момче.
Канбера: Австралија се согласи да им издаде визи на пет членки на женската фудбалска репрезентација на Иран за да останат во земјата. Овој потег доаѓа неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика австралиските власти да не ги враќаат во Техеран поради безбедносни причини, откако одбија да ја пеат националната химна пред натпреварот од Азискиот куп, пренесува Ал Џезира.
Синоќа во Иран се одржаа масовни, строго организирани маршеви на поддржувачи на новоименуваниот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, откако неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, загина во израелски воздушен напад пред десет дена.
Кога политиката се сведува на интриги, сојузи и лични амбиции, системот постепено влегува во состојба на ентропија. Редот се распаѓа, вредностите се разградуваат, а довербата исчезнува. Токму тука се појавува прашањето за изгубениот концепт на другарството. Во класичната социјалдемократска традиција, другарството не било само политички термин. Тоа било култура на меѓусебна лојалност, солидарност и заедничка борба за општествена правда. Денес, во време на политички прагматизам и индивидуални кариери, тој дух често се губи. А кога другарството исчезнува, ентропијата на системот се забрзува.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 9 март, изјави дека Иран „направил голема грешка“ со изборот на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер, откако неговиот татко беше убиен во американско-израелски напад.
Според Федерацијата на американски научници (FAS), на почетокот на 2025 година, деветте нуклеарни сили поседувале 12.241 нуклеарна боева глава, од кои околу 9.614 оперативно распоредени. Русија има 5.580 боеви глави, од кои 1.700 се стратешки распоредени. САД имаат 5.225 боеви глави, од кои 4.125 распоредени. Заедно, САД и Русија контролираат околу 87–90 проценти од сите нуклеарни боеви глави.
Будумпешта: Унгарската владејачка партија ФИДЕС денеска поднесе предлог-закон за овластување на Националната даночна и царинска управа да ги задржи парите и златото, кои беа конфискувани минатата недела од две украински оклопни возила, додека трае даночната проверка.
Гледаме како во изминатите денови оваа влада не презема буквално ништо во однос на кризата која што се случува веќе повеќе денови на Блискиот Исток, ништо не се дебатира ништо не се анализира, не се прават никакви припреми.
Министрите за финансии на Г7 одржаа онлајн состанок за влијанието на војната врз пазарите, откако цената на нафтата се искачи на повеќе од 119 долари за барел.
САД објавија дека нивната воена операција против Иран има за цел да ја ослабне способноста на земјата да ја загрози регионалната и глобалната безбедност.
Најновиот обид за стабилизација на врвот на исламскиот режим во Техеран се соочи со нова мистерија. Иако државната телевизија во понеделникот соопшти дека Моџтаба Хаменеи е именуван за следниот врховен лидер на Иран, подоцна се појавија информации дека тој е повреден во нејасни околности, инцидент за кој властите не открија ниту време, ниту место.
Хрватска практично ги замрзна цените на горивата – дизелот 1,55, бензинот 1,50 евра за литар
Хрватската влада донесе одлука за ограничување на цените на горивата како одговор на наглиот раст на цената на нафтата на светските пазари, предизвикан од ескалацијата на кризата на Блискиот Исток. Новите цени ќе важат во наредните две недели, а мерката е донесена со цел да се ублажи ударот врз граѓаните и економијата.















