Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

0
By Zoran Ivanov on March 9, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2026 18:26

Гледаме како во изминатите денови оваа влада не презема буквално ништо во однос на кризата која што се случува веќе повеќе денови на Блискиот Исток, ништо не се дебатира ништо не се анализира, не се прават никакви припреми.

Денеска сме соочени со поскапувања, и тоа не е изненадувањe, имајќи предвид дека системот не е спремен да се соочи со криза, а за што предупредувавме, да потсетам, и за време на анализа на Буџетот за 2026 година, дека овој Буџет е структуриран на начин на ко јшто криза нема да може да издржи. И после денешната одлука со која што од утре цените на горивата растат од 74,5 на 79,5 денари Супер бензинот. Дизелот за 20%, од 71 на 85,5 денари. Ова не е нешто што дојде преку ноќ. Ова е резултат на случувањата со кризата, со војната во Иран.

Имено, за отприлика еден месец во континуитет наназад расте цената на светските берзи на нафтата и таа е порасната за 60%. Досега требаше да има вонредна седница на Владата, би рекол и не една, повеќе, за да се спреми системот да се донесат мерки, за да вакви ценовни шокови граѓаните не почувствуваат.

А што имаме, тоа што вообичаено имаме од премиерот изминатите веќе две години, спинови, дефокус, навреди, недоличен речник, напади до мене лично, до опозицијата, манипулација со мигрантите, дали биле легални или нелегални, дека сме биле четврта економија, во светот.

И покрај тоа што предложивме конкретни мерки, платите не ги зголемија, толку колку што се реално потребни за да можат луѓето да преживеат. Никакви мерки нема ниту во земјоделството, и покрај апелите коишто ги имаат земјоделците, и покрај тоа што ние на тоа укажуваме изминатиот период. Сè што направија беше вештачко намалување на трошоците на живот, само на хартија, со тоа што се прави некаква ревизија на кошничката. Не била синдикална, била владина. Според владината, луѓето не треба да јадат леб и млеко, односно треба да јадат помалку. Ете тоа се предлози- предлог-мерките економски на премиерот и на Владата, којашто нема ниту визија, ниту капацитет, ниту знаење, а најмногу од се нема желба да им помогнат на граѓаните или нешто добро да направат за државата и тоа секојдневно го гледаме, ама затоа нивните бизниси добро си, врват. Е, сега ќе се соочиме со поскапување на сè друго.

Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени продукти. Тоа ќе биде еден ланец на настани кои што ќе следат после поскапувањето на горивата. Имајќи предвид дека владата ништо не прави, сметам дека треба да предложиме нешто, да го земат предвид и да го направат за доброто на граѓаните.

Прво предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% при промет на сите енергиенси, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан. Понатаму, намалување на акцизата за 4 денари, и тоа е нешто што директно ќе ја намали цената на еден литар на горивата по бензинските станции, и дополнително на сè, сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на храната.

 

мерки Филипче цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.