Author: Zoran Ivanov

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%, обвинија од Левица.

Read More

Новиот британски премиер Енди Барнам го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски како прв странски функционер, нагласувајќи ја силната поддршка на Лондон за Украина, соопшти канцеларијата на Барнам.

Read More

Во Музејот на град Скопје е отворена изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот, а воедно ќе биде  промовирано и дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov)” од Ана Мартиноска и Жарко Иванов.

Read More

Македонската култура остана без едно од своите најголеми имиња. На 75-годишна возраст почина истакнатиот актер Гоце Тодоровски, уметник кој со своите бројни улоги остави неизбришлива трага во театарот, телевизијата и филмот.

Read More

Скопјани ќе плаќаат поскапо централно греење уште пред стартот на новата грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за корекција на цените на топлинската енергија, а новите тарифи ќе почнат да се применуваат од 1. август.

Read More

Украина во текот на ноќта изврши напад со дронови врз повеќе руски региони, при што биле погодени трговското пристаниште во Ростов, складиште со државни резерви на гориво во Удмуртија и градот Белгород, објави Kyiv Post, повикувајќи се на независниот медиум Astra.

Read More

Зад вербалното „пушкарање“ меѓу Муцунски и Османи се крие парадокс. Оние кои профитираа од сатанизирањето на „Францускиот предлог“, денес од позиција на власт се принудени да ја бранат неговата правна издржаност, но сеедно ја држат земјата во изолација.

Read More

Повеќе од 300.000 жители се евакуирани поради катастрофалните шумски пожари што продолжуваат да беснеат во Франција и Шпанија. Иако пожарникарите во моментов имаат мала предност благодарение на привременото смирување на временските услови, стравувањата се дека новиот топлотен бран би можел повторно да ја влоши ситуацијата.

Read More