Author: Zoran Ivanov
Колиумбија: Две лица беа убиени, а едно беше рането во пукање во студентскиот дом на Државниот универзитет во Јужна Каролина доцна вчера, што доведе до итно блокирање на кампусот. Инцидентот, според соопштението објавено на Фејсбук страницата на универзитетот, се случил околу 21:15 часот по локално време во студентскиот дом „Хуџин Свитс“.
Приштина: Кандидатот за премиер од движењето Самоопределување, Албин Курти, кој е и новиот премиер на Косово, за време на својот говор во Парламентот ја пофали работата на неговата влада во последните пет години.
Овогодишното издание на Минхенската безбедносна конференција, која започнува денеска, на 13 февруари 2026, е под силно влијание на новата надворешнополитичка доктрина на Белата куќа. Иако претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џ. Д. Венс не присуствуваат, американската делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио јасно ја пренесува пораката за „креативно уништување“ на глобалните норми.
Вашингтон: Американскиот министер за здравство и социјални услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, изнесе шокантно признание за своето минато поврзано со дрогата како гостин во подкаст.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по состанокот на министрите за одбрана во Брисел изјави дека Алијансата бележи напредок во зголемувањето на инвестициите во одбраната, оценувајќи дека тоа е клучно за зачувување на безбедноста.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, нагласи дека власта мора да одговори на клучните прашања поврзани со случајот со запленетата дрога во Србија, а која потекнува од Македонија. Филипче посочи дека институциите не смеат да молчат кога станува збор за сериозен скандал од вакви размери.
Венко Филипче: Власта тргна во сериозна партизација на судството, обвинителството и тоа не е нешто што е ново.
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц одржаа билатерална средба пред самитот на ЕУ и го истакнаа нивното меѓусебно усогласување на ставовите, потврди Елисејската палата за „Политико“ со седиште во Брисел.
Поранешниот министер Борислав Сандов ги отфрли наводите дека соработката со НВО „Петрохан“ била нелегална, нагласувајќи дека станувало збор за законска рамка без правни обврски или пренос на државни надлежности и дека сите инспекции утврдиле отсуство на прекршувања. Тој потврди дека неколкупати го посетил објектот и се сретнал со Ивајло Калушев без блиски односи, негираше присуство на деца, вооружени посети и државно финансирање, и посочи дека поединци или самата организација во одреден период соработувале со службите за национална безбедност.
Пјонгјанг: Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, ја избра својата ќерка за свој наследник, им соопшти денеска разузнавачката агенција на Јужна Кореја на пратениците.
Во 12 часот започна протестот на ССМ пред Стопанската комора на Македонија, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев.
„Светска атракција“ од Скопје направија ВМРО и Груевски со криминалниот проект Скопје 2014.














