Author: Zoran Ivanov
Американскиот државен секретар Марко Рубио денес во Будимпешта ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а според американскиот Стејт департмент, кратката посета на Рубио ќе биде фокусирана на енергетското партнерство меѓу двете земји.
Како „неуспехот“, всушност, стана доследно спроведен политички проект – со поддршка од оние што најмногу ги погодува. Џабир Дерала Додека на Минхенската безбедносна конференција премиерот Христијан Мицкоски зборува за „предвидлива европска иднина“ и потребата проширувањето на ЕУ да не биде процес без крај, пораката на прв поглед звучи разумно. И навистина, европските стандарди и самата политика на проширување не секогаш се конзистентни, а понекогаш се и отворено проблематични. Но суштинското прашање не е што бара Мицкоски од Европската Унија. Суштинското прашање е – што навистина прави за да ја приближи земјата до неа. И уште поважно: дали воопшто има намера…
Руските власти соопштија дека во текот на 12 часа биле соборени повеќе од 170 дронови над регионот Брјанск, во близина на границата со Украина.
Писателката Арундати Рој се повлече Берлинале откако претседалот на жирито, германскиот режисер Вим Вендерс, изјави дека филмаџиите мора да се држат подалеку од политиката. Фестивалот вчера започна со потрес, откако жирито за Злтната мечка одговараше на прашања за конфликтот во Газа. На прашањето дали филмовите можат да влијаат врз политички промени, Вендерс рече дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла, критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ од минхенската безбедносна конференција коментирајќи ја изјавата на заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО и дека нивната воена соработка има цел да придонесе за стабилноста во регионот.
Тирана: На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Точно знаеме зошто советникот на Мицковски е избран за Уставен судија, Зошто Зврле беше Републички јавен обвинител, зошто баџанакот на Мијалков е во ЕСЧП во Стразбур, зошто сега на негово место се предлага кумот на некој “патриот“ од ДПМНЕ, и зошто Панчевски влезе во трка за прв човек на РЈО? Па да, сите апашлуци мора да бидат заштитени доколку дојдат до судските катедри.
Париз: Канцеларијата на парискиот обвинител објави дека е формиран специјален тим истражители за да испитаат нови докази што можат да имплицираат француски државјани во криминалните активности на Џефри Епстин, пренесува Ле Мконд.
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара, велат од СДСМ.
Неспособна да се соочи со сопствената одговорност,власта го повикува јавното обвинителство да ја преиспита работата на поранешнто Специјалното јавно обвинитекство,па дури тогаш да се расправа за скандалот со марихуаната. Случај кој оддамна заврши со судска разрешница.Намерата е јасна. Во составот на актуелното јавно обвинителство има обвинители кои биле дел од некогашното СЈО и тие ги сметаат за сериозна закана за актуелните носители на јавни функции. И затоа тие треба да се компромитираат и да немаат кредибилитет да водат постапка против функционери од власта. Тито Пектковски За време на социјалистичкиот период, во Македонија, како виц се прераскажуваше една духовита досетка за…
Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, во Минхен се сретна со претседателот на Украина Володомир Зеленски со кого, како што објави на Фејсбук, разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè, за праведен мир. Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук. Мицкоски и Зеленски разговарале и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. Напредокот е можен кога има визија, храброст и…















