Author: Zoran Ivanov
Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во говорот на тридневната Минхенска безбедносна конференција, предупредувајќи дека партнерството мора да се преиспита и прилагоди.
Имаме загриженост, слушаме сигнали дека Северна Македонија бара друго лоби за да го заобиколи првиот кластер, кој е најважен за човековите права, и се обидува да започне со другите поглавја, кои се многу поспецифични.
Следното проширување на Европската Унија мора да содржи силни механизми против „тројански коњи“ и отстапување од владеењето на правото, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
Поминаа 14 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регонот, како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница и кој ќе одговара, се вели во соопштението од СДСМ.
Во порака споделена на социјалните мрежи, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, изрази благодарност и поддршка за иницијативата #ТоплинаЗаУкраина, нагласувајќи ја важноста на солидарноста во еден од најтешките периоди од војната.
Според споредбата на годините на Трамп во Белата куќа со мандатите на Барак Обама и Џо Бајден, бројот на земји цврсто поврзани со САД се намалил од 46 на само седум. Во исто време, бројот на земји во сферата на влијание на Кина останал во голема мера непроменет.
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
Штетата нанесена на демократските општества и на долгогодишните стратешки сојузи за време на претседателствувањето на Доналд Трамп изгледа немаше потреба да се предизвика од операции со шпионажа, сајбер напади или кампањи за влијание. Трамп нанесува штета отворено и намерно, пред јавноста, од самиот центар на западната моќ. Сојузите се ослабени, партнерите јавно омаловажени, а споделените демократски норми се третираат како ѓубре. Ниту еден креатор на субверзивни операции водени од Кремљ или од Џонгнанхаи не можеше ни да сонува да постигне толкава стратешка штета толку брзо и по толку ниска цена како што тоа го стори Трамп за само една година.
Аргументот дека судските постапки се водат на македонски јазик не е релевантен во овој контекст. Државата не им обезбедува и не им гарантира вработување во судовите или како адвокати на овие кандидати, па од таму да произлегува обврска да го знаат македонскиот јазик поради работата во судските постапки. Исто така, мислењето на Венецијанската комисија дека целосната двојазичност на судските постапки би ја довела постапката во апсурд и дека не е применлива, се однесува на судските постапки, а не на полагањето на правосудниот испит. Интервју со Проф. д-р Љубомир Фрчкоски, дплгогодишен професор на Правен факултет „Јустинијан Прима“ при Универзитет „Св. Кирил…
САД „стратешки“ ја зезнаа Македонија – 15% царина за македонски и 0% царина за американски производи
САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија, со кој се создаваат нови перспективи за домашните извозници и се продлабочува билатералната економска соработка меѓу двете земји. Договорот се оценува како важен исчекор во економските односи и сигнал за засилено стратешко партнерство.
Стевчо Јакимовски: Проектот ниту бил заглавен, ниту тие го одглавувале. Повеќе наменска спортска сала Димо Хаџи Димов со 400 гледачи е проект изработен од мене уште во 2017та година.
Агенцијата за филм и годинава учествува на Европскиот филмски маркет (EFM), што се одржува од 12 до 18 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Претставувањето ќе биде преку промотивен штанд поставен во музејот „Гропиус Бау“, централната локација на индустрискиот сегмент од фестивалот.















