Author: Zoran Ivanov
Бошко Нацевски: МВР може да одземе возило само ако е украдено.
Земјите од ЕУ постигнаа договор за заем од 90 милијарди евра за покривање на финансиските и воените потреби на Украина за 2026 и 2027 година. Брисел има намера да ја изврши првата рата на почетокот на април за да обезбеди континуитет на странската помош за Киев, објави Euronews.
Во руски напад врз градот Дружкивка во Донецката област што се случи утринава загинаа најмалку седум лица, а осум беа повредени, според првичните информации. Руските сили го нападнаа градот со касетна муниција и воздушни бомби, а пазарот беше директно погоден за време на утринската гужва, пишува „Украинска правда“.
Украинскиот преговарачки тим го заврши првиот ден од трилатералните разговори со Русија и САД, кои се одржуваат во Абу Даби, со цел изнаоѓање решение за војната меѓу Украина и Русија.
Програмата споменува „европска перспектива“, но суштински план за продолжување на преговорите со ЕУ нема. Не се наведува ништо за уставните измени поврзани со внесување на Бугарите во Уставот – клучен услов за деблокада на преговорите. Дијана Тахири Владата ја усвои Програмата за работа за 2026 година – документ од над 400 страници, претставен како стратешки, сеопфатен и реформски план. Во соопштението на Владата, доминираат зборови како „системски закони“, „квалитет“, „одржливост“ и „европска иднина“. Обемот на текстот ( 400 страници), според соопштението од Владата, очигледно не ги содржи суштинските прашања за кои граѓаните очекуваат одговори се скоро целосно избегнати. Останува темелно…
Законот важи за сите, но не сите имаат подеднакви услови да го почитуваат. Доколку имавме нормален систем и држава, тој човек немаше да вози без возачка дозвола ниту три дена, а не, пак, 30 години, како што самиот се пофали. Оттука се наметнува прашањето – што правеле сообраќајните полицајци и како не успеале цели 30 години да го откријат тој возач? Одговорот е едноставен: или се целосно неспособни или корумпирани.
Македонците од егејскиот и пиринскиот дел веќе ја остварија целта, помеѓу нив нема рампи, цариници, редици, печати, ЕАС-меас и други гранични бариери, може слободно да патуваат, да се посетуваат, да бараат работа, да студираат од која страна на границата сакаат, да разменуваат интелектуална и материјална сопственост.
Аслан Вишко: Ромите со векови живеат на Балканот и во Македонија. Народ без држава, но со лојалност кон секоја држава во која живеел.
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ преку „Гугл“ ги мапираше коцкарниците, казината и слот-клубовите во централната скопска општина. По пребројувањето, иницијативата посочува дека останаа уште малку јавни терени во Центар на кои децата не плаќаат за да играат, но затоа има речиси 60 казина и обложувалници. Центар е казино-општина. Ги мапиравме казината, автомат-клубовите и кладилниците покрај кои поминувавме и има повеќе отколку сите детски и спортски игралишта заедно. Како што имаме извори на загадување на воздухот, имаме и извори на загадување на духот“, посочуваат од таму. Шанса за Центар“ како „поразителни“ и „катастрофални“ ги карактеризираше податоците објавени во истражувањето на Институтот…
Македонија и Делчево,денеска ја одбележуваат 154-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.
Поминаа повеќе од 50 дена од објавата на скандалите со криминални тендери. Обвинителството и натаму молчи пред очигледни и алармантни податоци за сомнителни јавни набавки, реагираат од СДСМ. 161 тендер за една фирма. 52 тендери за друга фирма. 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени. 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Како е можно едни исти фирми да добиваат милионски тендери а обвинителството да молчи? Молкот испраќа порака дека за криминалите на власта законите не важат, а институциите се неми и под целосна контрола. Очигледно затоа Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите…















