Author: Zoran Ivanov
Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството.
Но што ние знаеме?! Само критикуваме…. Они надградба направија со лексан над Порта Македонија, подигнаа цел спрат над Собранието… итн. итн. Не се способни ни тоа што го изградија да го третираат онака како треба. Поимање на просторот е доказ за една напредна нација, цивилизација и култура. Деградирањето на просторот е спротивното – епа ние се изгубивме во просторот!
Бошко Нацевски: Не ги повредувајте, не ги нарекувајте со погрдности оние што на аеродромите и автобуските станици чекаат во ред за да заминат од земјава некаде во невратот, како аргати, како печалбари. Тие патишта ни се познати. Вековно ни го исцртуваат непреболот и ни ги натопуваат шамивчињата везени за бовчалук, со солзно солило, што потоа не разјадува се до задниот миг, додека се диши.
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Но, прашањето е едноставно: Што точно значи „македонски“ во оваа формулација? Државјанство? Јазик? Етничка припадност? Или политичка порака внимателно спакувана во културна одлука? Ако Македонија е држава на сите нејзини граѓани, тогаш плоштадот – како најсимболично јавно место – мора да го одразува токму тоа.
Измените на Изборниот законик во 2025 година се одвиваа со многу најави, но со малку конечни решенија. Иако беше најавено формирање на работна група и вклучување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, процесот заврши со застој во Собранието и сериозни контроверзии околу клучни прашања пред локалните избори.
Собранието ја констатира оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Коцевски претходно на прес конференција изјави дека поднесува неотповиклива оставка.
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за негово разрешување е политичка одлука.
Новата бројка уследи откако саудиските власти објавија дека уште три лица се егзекутирани вчера. Министерството за внатрешни работи соопшти дека погубувањата се извршени во Мека откако осудените беа прогласени за виновни за убиство. Бројот на егзекуции оваа година го надминува претходниот рекорд од 2024 година, кога, според достапните податоци, беа егзекутирани 338 лица.
Џерси Сити: Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.
Доколку Русија повторно ја нападне Украина, Соединетите Американски Држави ќе одговорат воено на агресорот, изјави полскиот премиер Доналд Туск по учеството на самитот во Берлин за мир во Украина, објави полскиот портал „Онет њуз“.















