Author: Zoran Ivanov
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес нагласи дека секој компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата на нејзините источни региони мора да биде фер и потврден на избори или референдум.
Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов денеска го објавија заземањето на источноукраинскиот град Северск, отворајќи го патот за понатамошни напредувања, пренесе ДПА.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево ја објави Резолуцијата за прекинување на процесот за примање мигранти во Македонија и соопшти дека очекува пратениците од власта да ја потпишат.
На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството и остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека изменет предлог за територијални отстапки од Украина како дел од планот за завршување на војната вчера му беше предаден на американскиот претседател Доналд Трамп.
Европската Унија одлучи на неодредено време да ги замрзне средствата на Руската централна банка во вредност од 210 милијарди евра. Мерката, заснована на клаузула за економски вонредни состојби, има за цел да спречи надворешни обиди за ослободување на средствата пред Москва да му плати воени репарации на Кијив, објавува Euronews.
Се повеќе политичари, и од власта и од опозицијата, неформално признаваат дека предвремени парламентарни избори во 2026 се реален и веројатен исход. Тоа не е само резултат на политичка калкулација, туку одраз на реалната потреба за нов политички легитимитет. Сегашниот состав на Собранието де факто не може да ги носи најтешките државни одлуки, а реформските процеси бараат стабилен политички мандат.
Бугарскиот премиер Росен Жељазков денес поднесе оставка, по неколку недели улични протести поради економските политики на владата и неуспешната борба против корупцијата.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа во Палатата Киџи околу 90 минути за моменталниот тек на мировните преговори, а извори велат дека притисоците и разликите во ставовите биле јасно изразени за време на состанокот.
Во програма на британската телевизија Great Britain News беше емитувана дискусија во која новинари и гости зборуваа за можност мигранти, за кои Велика Британија нема правна основа да ги задржи или врати во нивните земји, да бидат пренасочени кон Северна Македонија како работна сила.
ДПМНЕ не демантираше дека напаѓачот на новинарите од Инфомакс е нивни член.















