Author: Zoran Ivanov
Во главниот град на Иран, Техеран, се појавија флаери, во кои им се нудат на мажите дарежливи финансиски награди за да се приклучат на војната против Украина. Руската амбасада во Техеран веднаш реагираше, тврдејќи дека огласите се лажни, но и покрај ова, познато е дека Русија користи тајни мрежи за регрутирање странци за борба во Украина, објави Радио Слободна Европа.
Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив. Така изгледа „патриотската“ политика на ВМРО-ДПМНЕ. – се вели во соопштението на СДСМ.
Советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва сè уште не ги видела ревидираните американски предлози по последните разговори со Украина, додавајќи дека е можно дел од нив да не ѝ се допаднат на Русија.
Синоќешниот напад со беспилотни летала ја погоди руската рафинерија за нафта Славнефт-ЈАНОС во Јарослав, една од петте најголеми во земјата, по што избувна пожар во фабриката, објавија локалните власти и каналите на Телеграм, пишува „Кијив Индепендент“.
„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска и мултимедијална програма по повод Неделата на човековите права 2025.
Софија: Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата н Росен Жељазков.
Шеесет и три јавори, по еден за секој млад изгубен живот, се засадени во Кочани во чест на 63-те жртви кои загинаа во кочанската трагедија на 16-ти март.
Финансиската полиција да отвори истрага за преземањето на „Стопанска Банка АД Битола“, побара денеска на прес конференција, Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
САД вршат притисок врз Украина да ги повлече своите трупи од Донбас и да создаде „слободна економска зона“ во делови од регионот кои сè уште се под контрола на владата во Киев, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што објави британскиот „Гардијан“.
Аомори: Земјотресот се случи во 11:44 часот наутро на длабочина од 20 километри во крајбрежното подрачје на префектурата Аомори, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди истата област.
Министерството за внатрешни работи – МВР, во одговор на медиумите за тоа како оди со тестирањето на системот за контрола на сообраќајот, вели дека нема да се стаса до крајот на годинава па „Безбеден град“ или „Сејф сити“, најверојатно ќе стартува од вториот месец на 2026 година, а не од 1-ви јануари, како што беше првично најавено. Сепак, одМВР додаваат дека тестирањето на системот продолжува и со опомените, а казните ќе се извршуваат како и досега преку физичкапатна патна контрола во сообраќајот.
Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала со долг дострел погодиле голема нафтена платформа во Каспиското Езеро за прв пат оваа недела, што означува нова ескалација во сè поинтензивната кампања на Киев за прекинување на приходите од енергија на Москва што ја финансираат нејзината војна. Мисијата, која претходно беше ненајавена, означува значително проширување на списокот на цели на Украина, објавува Си-ен-ен.















