Author: Zoran Ivanov

Украинските власти денеска објавија дека примиле од Русија уште 501 тело на војници за кои се претпоставува дека загинале во конфликтот, со што вкупниот број на тела вратени од Москва во Кијив од почетокот на годината достигна повеќе од 4.000.

Read More

Владата на САД одлучи да го скрати престојот на странски студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, според владин документ објавен денес. Ова е нов чекор во исклучително рестриктивната имиграциска политика на сегашните власти

Read More

Украинските пратеници го потврдија Сергеј Корецки за нов премиер, среде протестите во Киев поради одлуката на претседателот Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана. Корецки, поранешен шеф на државната енергетска компанија Нафтогас, доби 289 гласови во парламентот, далеку над потребните 226.

Read More

Својата оставка упатена до Собранието, судијата Наумовски ја образложил со „лични и професионални причини“, а по неа Судот останува со само седум судии, што го повлекува прашањето за идната ефикасност. Денеска мораше да биде одложено одлучувањето по предметот врзан за Изборниот законик и за платеното политичко рекламирање.

Read More

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет, реагираат од Левица.

Read More

Земјите од ЕУ не успеаја да постигнат договор за нов пакет санкции против Русија трет ден по ред, со што привремено се продолжува ограничувањето на цената на руската сурова нафта за уште една недела.

Read More

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз цели во Иран, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Техеран дека, како што наведе, треба подобро да се однесува, пренесуваат светските медиуми.

Read More

Украинските сили за беспилотни системи (USF) извршија напад врз руската „флота во сенка“ во близина на окупираниот Крим синоќа, погодувајќи 20 бродови. Нападот, кој се случил ноќта помеѓу 14 и 15 јули, го пријавил командантот на USF Роберт „Маѓар“ Бровди, пишува „Украинска правда“.

Read More

Она што е суштинско е дека имотот што го стекна партијата е директна последица на дејствијата на Груевски утврдени во постапката. Токму поради тоа, исходот на кривичниот дел и судбината на имотот не можат да се гледаат одвоено: со ослободителна пресуда отпаѓа и основата за конфискација во кривичната постапка. Наративот дека пресудата во едниот дел е праведна, а во другиот само последица на измените на КЗ, ги раздвојува двете работи што правно се неразделни.

Read More

Политичката етикета „српски свет“ не може да стане реално обележје за иницијатива во која покрај Македонија, и Албанија беше еден од столбовите на рамнотежата. Обидот на премиерот да се брани себеси преку Отворен Балкан нема да ги избрише конкретните мерки што произлегоа од иницијативата. Во обид да одговори на обвинувањата за „српски свет“, премиерот Христијан Мицкоски во собраниската расправа околу Иван Стоилковиќ ја избра веројатно најпогрешната можна линија на одбрана – Отворен Балкан. Тоа е иницијатива што, со учество на три држави кои во тоа време имаа јасно исцртани сопствени геополитички позиции, во пракса функционираше како ретка рамка за конкретна…

Read More

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во изминатите 24 часа кон подрачјето на руската престолнина биле насочени 340 украински дронови, од кои најголемиот дел биле соборени од противвоздушната одбрана далеку од градот, пренесуваа новинските агенции.

Read More