Author: Zoran Ivanov

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниска седница нагласи дека реконструкцијата на Владата не е признание за грешките ниту обид за подобрување на институциите, туку нова распределба на моќта и концентрација на контролата во рацете на ДПМНЕ. Битиќи посочи дека кадровските промени не се темелат на анализа на резултатите и одговорност, туку на политичка пресметка, при што коалициските партнери се сведуваат на формално присуство, а различностите се маргинализираат. Притоа, Битиќи предупреди дека Владата ја продлабочува евроскептичната политика, ја користи темата за идентитетот за политичка мобилизација и ја оддалечува државата од европскиот пат, додека реконструкцијата,е само „театар за добивање време“. Обраќање…

Read More

На втората донаторска конференција за обнова на Газа, каде што се собраа 65 делегации од земјите-членки на ЕУ, партнерски земји, меѓународни и регионални организации и финансиски институции, беа собрани околу 900 милиони евра.

Read More

Во Португалија избувна епидемија на норовирус, во која се заразени повеќе од 120 лица, а се сомнева дека фокусот на инфекцијата бил спортски настан во градот Калдас да Рајњи, во централниот дел на земјата, објавува „Euronjuz“. Меѓу симптомите што помогнале во дијагностицирањето на болеста биле повраќање, дијареја, гадење, покачена телесна температура, болки во стомакот и главоболка. Сè започна минатата недела, кога Одделот за итни случаи на болницата во Калдас да Рајњи лекувал повеќе од 60 лица со симптоми на гастроентеритис. По добивањето на резултатите од лабораториските анализи, градските власти, според локалниот весник „Jornal das Caldas“, потврдиле вкупно 122 случаи…

Read More

На Балканот, за жал, политичкиот матрикс функционира поинаку. Тој е изграден главно врз логиката на зачувување на власта и секојдневните политички калкулации. На Балканот не му требаат повеќе политики, туку институции што го слушаат знаењето. Ако сакаме регион што ќе оди напред, мора повторно да го вратиме почитувањето кон идеите. Затоа што развојот не започнува со буџети или изборни кампањи, туку со добра идеја, заснована на знаење и креативни решенија.

Read More

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за нив парламентот водеше единствен претрес за нивната работа. Најмногу пратеници гласаат за разрешување на министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ кој беше разрешен со 95 гласа.

Read More

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Филипче посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не можат да очекуваат какво било подобрување.

Read More

Љубомир Цуцуловски: Власта, предводена од ВМРО–ДПМНЕ, тврди дека опозицијата го кочи реформскиот процес, бидејќи подготвена е да излезе во пресрет на многу барања од опозицијата само ако го прифати начинот на кој би гласала дијаспората, предвиден со Изборниот законик.

Read More

Во издание на „Студентски сервис“ од Скопје деновиве од печат излезе првиот том од десеттотомната автобиографска едиција „Белешки и анализи“ на проф. д-р Трајан Гоцевски – универзитетски професор, долгогодишен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на одбраната и безбедноста, автор и коавтор на стотина дела од областа на одбраната и безбедноста, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија и еден од креаторите на македонскиот самостоен одбранбен систем под чие непосредно раководство беше формирана неговата оружена компонента – Армијата на Република Македонија и член на Советот за безбедност на Република Македонија во три…

Read More